Македонската женска ракометна репрезентација против Франција игра еден од решавачките натпревари за пласман на Европското првенство, што во декември ќе се одржи во Холандија. Селекторот вели дека ќе дадат се од себе во мечот со Франција.
Македонската женска ракометна репрезентација утревечер во 20 часот и 15 минути против Франција во Скопје ќе го игра еден од решавачките натпревари за пласман на Европското првенство, што во декември ќе се одржи во Холандија. До пред 5 месеци, ретко кој помислуваше дека тоа ќе ни претставува посериозен проблем, зашто треба да се освои најмалку второто место во групата во која се и Турција и Литванија, кои имаат послаб рејтинг.
Но, со поразот од 8 голови разлика во Турција, си ја искомплициравме ситуацијата, па сега, на 4 кола пред крајот на квалификациите, покрај победа над Турција во Скопје, ќе мора да освоиме бод или два во дуелите со светскиот вицепрвак Франција. Во националниот табор се свесни дека тоа не е ни малку лесно, но откако сами се доведоа во оваа неблагодарна ситуација ниту ракометарките, ниту селекторот Гино Стрезовски не помислуваат на пораз од „триколорките“.
„Доволен императив е што во Скопје доаѓа вицешампионот на светот. И втора работа која е императив за оваа генерација на ракометарки е пласманот на Европско првенство. Што значи дека на натпреварот со Франција во Скопје, мораме да дадеме максимум во играта и со голема среќа и поддршка од публиката да освоиме барем бод во натпреварот со Франција, што верувам во овој
момент како течат подготовките е остварливо“, изјави кормиларот на националниот тим, кој пред 4 години, на Европското првенство во нашата земја го освои историското седмо место.
Оттогаш ракометарките не искористија три шанси за настап на континентален или планетарен шампионат, па уште еден таков кикс ќе биде премногу за оваа генерација, за која, според општото мислење, ова е последна шанса за враќање на врвните меѓународни натпреварувања. Тоа, пред мечот во салата „Кале“ создава дополнителен притисок, но според селекторот, неговите избранички се подготвени да го издржат.
„Притисокот постои и да мораме и да не мораме да ги освоиме тие два бода. Меѓутоа ќе дадеме се од себе. Тоа на самите подготовки го спремаме. Треба да одиграме една гранитна одбрана и да постигнеме доста голем број на лесни голови од полуконтра и контра. Со тоа имаме многу објективни шанси. Доколку почнеме на пасивна и тешка игра во нападот, сигурно ќе ни биде многу потешко“, додаде Гино Стрезовски.
Инаку, реваншот со Франција го играме в недела во Клермон, а последните два квалификациски меча, со Литванија и со Турција се закажани за првата недела од јуни. Тогаш и ќе се знае кој ќе ги освои посакуваните први две места во групата, каде што сега лидер со 4 бода е Франција, ние и Турција имаме по два, а Литванија е без бодови.
Доволен императив е што во Скопје доаѓа вицешампионот на светот. И втора работа која е императив за оваа генерација на ракометарки е пласманот на Европско првенство. Што значи дека на натпреварот со Франција во Скопје, мораме да дадеме максимум во играта и со голема среќа и поддршка од публиката да освоиме барем бод во натпреварот со Франција,Гино Стрезовски, селектор.
Но, со поразот од 8 голови разлика во Турција, си ја искомплициравме ситуацијата, па сега, на 4 кола пред крајот на квалификациите, покрај победа над Турција во Скопје, ќе мора да освоиме бод или два во дуелите со светскиот вицепрвак Франција. Во националниот табор се свесни дека тоа не е ни малку лесно, но откако сами се доведоа во оваа неблагодарна ситуација ниту ракометарките, ниту селекторот Гино Стрезовски не помислуваат на пораз од „триколорките“.
Притисокот постои и да мораме и да не мораме да ги освоиме тие два бода. Меѓутоа ќе дадеме се од себе. Тоа на самите подготовки го спремаме.Гино Стрезовски, селектор.