Започна реконструкцијата на старото болничко крило во охридската општа болница која првично требаше да биде готова до март оваа година. Болницата до Нова година треба да добие ново хируршко, уролошко и гинеколошко одделение.
И додека охриѓани чекаа да започне долгонајавуваната реконструкција на болницата, струшката болница руши рекорди. Изминатата 2011 година бројот на извршени операции и породувања бил за дури 100% поголем во однос на претходната година. Слично е и во првите три месеци од оваа година. Со 1.300 раѓања и со 1.200 хируршки итервенциии минатата година и со 300 операции и исто толку раѓања до овој момент болницата во Струга е прогласена за болница рекордер во земјава.
Директорот Ментор Ибраими вели дека е тешко да се работи во вакви услови, но оти ќе се издржи.
„Идеалната искористеност на една установа е 65%, а кај нас е многу над тоа, односно повеќе од 85% се искористени капацитети што е рекорд. Нормално е дека се создава нервоза. Треба да имаме разбирање од страна на пациентите бидејќи толку се нашите можности“, вели директорот Ментор Ибраим.
Директорот Ибраими очекува поголем буџет годинава за неговата болница. Вели дека за нормално функционирање му се потребни 140 милиони денари.
А дека реконструкцијата на болницата во Охрид ќе заврши навреме уверува и нејзиниот прв човек, директорот Љубен Арнаудов. Болницата во Охрид треба да добие ново хируршко, уролошко, гинеколошко одделение и одделение за уво, грло и нос. За почеток почна да се руши кровот во делот каде што некогаш беше сместена хируршката амбуланта.
„Деловите кои треба да се појачаат ќе ги појачаат, а тие кои се во ред нормално ќе ги работаат. Додека со деловите кои се ѕидаат од почеток не треба да има никаков проблем. Мали проблеми очекуваме на вториот кат каде ќе бидат сместени операционите сали“, истакна директорот на општата болница - Охрид, Љубен Арнаудов.
Болницата ќе биде гасифицирана, комјутеризирана, ќе добие нова и модерна опрема и модерни сали според светски стандарди. Првичните проценки беа дека целиот проект ќе изнесува 2.5 милиони евра но се претпоставува дека таа бројка ќе биде далеку поголема. На пациентите најмногу им смета одењето до Струга и гужвите кои таму се создаваат.
„Се создава гужва. Сега фактички имаме три болници сместени во една“, вели еден пациент.
„Башибузук. Вака никогаш не било. Ништо не се знае. Го растурија здравството“, вели друг пациент
„Има многу пацинети. Можеби причина е тоа што се создава гужва. Треба и персоналот да е повнимателен“, вели пациент.
На пример, на гинеколошкото одделение во Струга по некогаш се случува да има и по неколку породувања на смена, додека на хирургија и по седум до осум интервенции на ден. Услугите на струшката болница ги користат и пациенти од Дебар, Кичево, Ресен, па и од соседна Албанија.
Идеалната искористеност на една установа е 65%, а кај нас е многу над тоа, односно повеќе од 85% се искористени капацитети што е рекорд. Нормално е дека се создава нервоза. Треба да имаме разбирање од страна на пациентите бидејки толку се нашите можности.Ментор Ибраим, општа болница - Струга.
Директорот Ментор Ибраими вели дека е тешко да се работи во вакви услови, но оти ќе се издржи.
„Идеалната искористеност на една установа е 65%, а кај нас е многу над тоа, односно повеќе од 85% се искористени капацитети што е рекорд. Нормално е дека се создава нервоза. Треба да имаме разбирање од страна на пациентите бидејќи толку се нашите можности“, вели директорот Ментор Ибраим.
Директорот Ибраими очекува поголем буџет годинава за неговата болница. Вели дека за нормално функционирање му се потребни 140 милиони денари.
А дека реконструкцијата на болницата во Охрид ќе заврши навреме уверува и нејзиниот прв човек, директорот Љубен Арнаудов. Болницата во Охрид треба да добие ново хируршко, уролошко, гинеколошко одделение и одделение за уво, грло и нос. За почеток почна да се руши кровот во делот каде што некогаш беше сместена хируршката амбуланта.
Деловите кои треба да се појачаат, ќе ги појачаат, а тие кои се во ред нормално ќе ги работаат. Додека со деловите кои се ѕидаат од почеток не треба да има никаков проблем. Мали проблеми очекуваме на вториот кат каде ќе бидат сместени операционите сали.Љубен Арнаудов, општа болница Охрид.