Зошто некој би сакал во ЕУ?

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.

Или зошто Европската унија би сакала да ги апсорбира балканските земји, со оглед на проблемите околу Грција? Одговорот по се изгледа е: од чист очај. Ова се наведува во написот објавен во весникот Форин полиси.
Европската унија сака да докаже дека за некои се уште е атрактивна. Балканските држави, пак, гледајќи во еврочленките како на побогати и постабилни од нив се надеваат дека ќе допрат нешто од тоа богатство и стабилност.

Основниот проблем со Европската унија е што европејците не и веруваат и воопшто не се идентификуваат со неа.
Од друга страна, како што наведува авторот Алан Скед, професор по меѓународна историја, наскоро, во врска со Унијата ќе се отвори интересен случај.

Станува збор за Шкотска каде што е ветен референдум за независност. Тамошните функционери велат дека нема да аплицираат за членство, бидејќи Шкотска, како дел од Британија, веќе е во Европската унија.

Основниот проблем со Европската унија е што европејците не и веруваат и воопшто не се идентификуваат со неа.
Клучната политика на ЕУ, монетарната унија е катастрофа. Едноставен е фактот дека не можете да имате успешна монетарна унија без политичка и фискална унија и со монетарни трансфери меѓу богатите и сиромашните делови легитимизирани преку демократските институции. Сепак, во Унијата не постои апетит за таква унија, особено не во Германија.

Еден од најострите примери за недостиг на демократијата во Унијата е практиката да ги тера малите држави да повторуваат референдуми. Данска мораше два пати да гласа за Договорот од Маастрихт, а два круга беа потребни и во Ирска за договорите од Ница и од Лисабон.

Ниту големите држави не се имуни од овој малтретирачки третман. Кога гласачите во Франција и Холандија го отфрлија уставот на ЕУ во 2005 година, европските лидери отстранија околу 4 насто од оригиналниoт текст, го преименуваа документот во Лисабонски договор, а потоа удрија преку францускиот и холандскиот парламент и покрај гласовите на граѓаните.

Кога екс-грчкиот премиер Јоргос Папандреу предложи референдум за спасувачкиот пакет, тој за неколку дена беше избркан од канцеларијата.

Она што сега и се случува на Европа, како што се наведува во текстот, е тоа што моќта е преземена од периферијата од страна на централизираните елити. Но, тие елити не успеаа.

Клучната политика на ЕУ, монетарната унија е катастрофа. Едноставен е фактот дека не можете да имате успешна монетарна унија без политичка и фискална унија и со монетарни трансфери меѓу богатите и сиромашните делови легитимизирани преку демократските институции. Сепак, во Унијата не постои апетит за таква унија, особено не во Германија.

Значи единствено решение за продуктивниот јаз меѓу северот и југот во еврозоната, ако не се растури по серијата банкроти, е јужните држави преку штедење да се донесат на ниво на кинески селани за потоа да станат конкурентни со Германија.

Во меѓувреме, е потребна ратификација на таканаречената нова европска фискална компактност. И тука уште еднаш, демократијата ја покажува својата грда глава.

Можниот победник на претстојните француски претседателски избори Франсоа Холанд ветува дека ќе се искине договорот, а Ирците би можело да го отфрлат на референдум. Никој не знае кој ќе владее во Грција или Италија по една година.

Дури и во Германија, сега излегува дека на канцеларката Ангела Меркел ќе и треба двотретинско мнозинство во парламентот - со други зборови, поддршка од опозициските партии, кои ќе бараат отстапки, за да мине фискалниот пакт. Ова е Европската унија во која кандидатите како Србија сакаат да влезат, се наведува во текстот објавен во Форин полиси.