Во Грција, откако минатата недела таа земја успеа да избегне банкрот, односно да договори замена на обврзниците на јавниот долг со приватните кредитори, политичкиот фокус почна да се врти кон парламентарните избори. Според најавите, тие би можело да се одржат по Велигден, односно 15 април.
Грчкиот министер за финансии Евангелос Вензилос, успеа да ја добие поддршка од целото раководство на ПАСОК и непречено ќе се трка за водечката партиска позиција на интерните избори закажни за 18 март.
Но, тоа не може да се каже и за претстојните парламентарни избори, кои би требало да се одржат од 15 април до 15 мај годинава. Особено поради фактот што сите анкети покажуваат дека неговите социјалисти многу заостануваат зад конзервативната Нова демократија.
„Нашата земја се наоѓа во клучен момент и тоа ја објаснува ваквата голема партиска поддршка за мојата кандидатура“, изјави 55 годишниот Венизелос, откако неговиот ривал, поранешниот еврокомесар Христос Папуцис не успеа да привлече поголем број приврзаници.
Грчките медиуми шпекулираат дека Венизелос, експерт за уставно право кој стана политичар и кој е познат по неговите јавни говори и остар интелект, наскоро ќе се повлече од министерската функција за да се фокусира врз партиските активности.
Вензиелос кој беше одговорен и за подготовките на Олимписките игри во Грција во 2004 година, беше и клучниот преговорач со приватните кредитори со што во минатиот четврток Грција успеа да избегне банкрот и да го отвори патот за вториот спасувачки пакет од 130 милијарди евра.
„Финансиите на земјата во наредните години зависи од оваа нова програма и од а договорот за вклучување на приватниот сектор во грчкиот јавен долг.“
Впрочем со таков мандат е и техничката коалициона влада на премиерот Лукас Пападимос формирана во ноември. И ПАСОК и Нова демократија го поддржаа Пападимос, како и острите мерки за штедење, што пак се одрази врз нивната поддршка кај народот и може да резултира со нејасен победник на претстојните избори.
Како и да е, лидерот на конзервативците, 60-годишниот Андонис Самарас вели дека тој ќе се бори за апсолутно мнозинство за да може да владее сам.
„Земјата не може да биде раководена од повеќемина. Нема да преговарам за поделба на власта“, вели Самарас.
Повеќето испитувања на јавното мислење покажуваат дека неговата партија има голема предност пред ПАСОК, но не и толкава за да може да владее сама. Затоа аналитичарите очекуваат натамошна коалиција меѓу двете главни грчки партии.
Без оглед на тоа кој победува на анкетите, германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ја предупреди Грција дека мора да го испочитува ветеното.
„Грција мора да се држи до нејзините обврски по изборите. Тоа е основа на спасувачкиот пакет“, наведува Шојбле.
Во меѓувреме, Грција не покажува знаци на заздравување од најдолгата рецесија во која се најде некоја земја по Втората светска војна. Стапката на невработеност е 21 насто, а бруто домашниот производ лани падна за рекордни 7 насто, додека инвестициите за над 20 проценти.
„Економијата ни пропаѓа и затоа сите се уплашени да инвестираат“, вели Гикас Хардувелис, главен економски советник на грчкиот премиер Лукас Пападимос.
Нашата земја се наоѓа во клучен момент и тоа ја објаснува ваквата голема партиска поддршка за мојата кандидатура.Евангелос Вензилос, министер за финансии и кандидат за претседател на ПАСОК.
Но, тоа не може да се каже и за претстојните парламентарни избори, кои би требало да се одржат од 15 април до 15 мај годинава. Особено поради фактот што сите анкети покажуваат дека неговите социјалисти многу заостануваат зад конзервативната Нова демократија.
„Нашата земја се наоѓа во клучен момент и тоа ја објаснува ваквата голема партиска поддршка за мојата кандидатура“, изјави 55 годишниот Венизелос, откако неговиот ривал, поранешниот еврокомесар Христос Папуцис не успеа да привлече поголем број приврзаници.
Грчките медиуми шпекулираат дека Венизелос, експерт за уставно право кој стана политичар и кој е познат по неговите јавни говори и остар интелект, наскоро ќе се повлече од министерската функција за да се фокусира врз партиските активности.
Земјата не може да биде раководена од повеќемина. Нема да преговарам за поделба на власта.Андонис Самарас, лидер на Нова демократија.