Барокот ги изеде парите за Уставниот суд

Новата зграда на Уставниот суд се уште се гради.

Додека уставните судии чекаат да се преселат во новата зграда која се гради покрај Вардар, алармираат дека финасиската и кадровската состојба на Судот е лоша.
Уставниот суд нема доволно пари за вработување на нов кадар, а дел од вработените веќе заминале или допрва ќе заминат в пензија. Буџетот на оваа институција е 20 проценти под основниот минимум со што се доведува во прашање неговото функционирање, вели претседателот на Уставниот суд Бранко Наумоски.
Ваквите ограничени финансиски и кадровски ресурси секако дека имаат неповолно влијание и врз самостојноста и независноста на Уставниот суд, како и врз можноста Судот успешно да ги извршува своите функции и надлежности утврдени со Уставот. Поради лимитираниот износ на средстава за меѓународна соработка, Уставниот суд не е во можност да ги исполнува финасиските обврски поврзани со членство во меѓународните организации за уставна правда поради што е доведено во прашње и понатамошно членство во нив и е единствен државен орган кој не располага со сопствени возила.
Бранко Наумоски, претседател на Уставниот суд.

„Ваквите ограничени финансиски и кадровски ресурси секако дека имаат неповолно влијание и врз самостојноста и независноста на Уставниот суд, како и врз можноста Судот успешно да ги извршува своите функции и надлежности утврдени со Уставот. Поради лимитираниот износ на средстава за меѓународна соработка, Уставниот суд не е во можност да ги исполнува финасиските обврски поврзани со членство во меѓународните организации за уставна правда поради што е доведено во прашње и понатамошно членство во нив и е единствен државен орган кој не располага со сопствени возила.“

Буџетот на Судот изнесува 560 илјади евра од кои речиси 70 проценти се троши за плати на вработените. Наумоски додаде дека немаат доволно пари ни за модернизација на компјутерите, ниту опрема за тонско снимање на седниците, а немаат ни за дополнителна обука на стручниот кадар. Тој вели деке не може да оцени дали со финансиката зависност се прави притисок врз Уставниот суд, но без доволно пари не можат да работат.

Наумоски, на прес-конференцијата на која се презентираше годишниот извештај на Судот, изрази револт за дезинформациите и невистините изнесени во
одредени медиуми од новинари, политички партии и колумнисти.

„Како што беа, дека меѓу судиите има кодоши, дека судството во Македонија е најнеписмено на Балканот, дека овој Суд е неокомунистички, болшевистички, дека судиите се богови и сл.
Да не се гради една таква политичка култура кога Уставниот суд ќе укине такво нешто повторно да се донесе. За мене тоа значи непочитување на одлуките на Уставниот суд. Ама тоа треба да биде задача на Парламентот. Се разбира владата ги подготвува законите, но Парламентот е тој што ги донесува.
Бранко Наумоски, претседател на Уставниот суд.

Навистина е невкусно, недолично, неагрументирано и искажано со зла намара, што штети не само на Уставниот суд туку и на државата особено на нејзините евроатлантски аспирации.“

Тој додаде дека ако се продолжи да се девалвира интегитетот и легитимитетот на Судот, судиите размислуваат и за кривични пријави.

Во изминатава година, Уставниот суд постапил по 360 иницијативи, од кои 203 се поднесени од граѓани додека остантите се поднесени од правни лица, невладини организаци, политички партии и претпријатија. Најголемиот дел од иницијативите се однесуваат на закони и подзаконски акти. За носењето на повторни закони, кои Уставниот суд веќе ги оспорил, Наумовски вели дека тој лично тоа го смета за непочитување на одлуките на Судот.

„Имаше во неколку наврати неколку закони коишто беа оспорени во овој суд и во една иста процедура со мали измени беа донесени истите закони од законодавецот. Нам не ни останува ништо друго освен да постапиме на ист начин како што сме постапиле. Тоа се случи со Законот за лустрација и има уште неколку такви. За ова треба да се подзамисли Собранието и кога постапува по нашите одлуки треба да се почитуваат тие одлуки. Да не се гради една таква политичка култура кога Уставниот суд ќе укине такво нешто повторно да се донесе. За мене тоа значи непочитување на одлуките на Уставниот суд. Ама тоа треба да биде задача на Парламентот. Се разбира владата ги подготвува законите, но Парламентот е тој што ги донесува“, изјави Наумовски.