Висококатниците ќе го нагрдат центарот на Охрид

Охрид од птичја перспектива.

Граѓаните и опозицијата во Охрид се против идејата на локалната власт во центарот на градот да никнат неколку висококатици. Градоначалникот, пак, не се откажува од идејата на просторот пред Охридско лето да се изградат неколку деловни објекти.
УНЕСКО сериозно треба да размисли и да го вклучи алармот доколку во строгиот центар на Охрид наскоро никнат нови висококатници, смета архитектот Драган Стојаноски. Тој е на мислење дека со евенатуалната реализација на овој план, изгледот на Охрид драстично ќе се промени, а ќе има и други последици, односно ќе биде оневозможено струењето на свежината која доаѓа од езерото.
Ако ги следат работите би требало да реагираат.Требаше уште порано да реагираат. Ќе го сменат не само изгледот на Охрид, ќе ја сменат и микроклимата.
Драган Стојаноски, архитект.

„Ако ги следат работите би требало да реагираат.Требаше уште порано да реагираат. Ќе го сменат не само изгледот на Охрид, ќе ја сменат и микроклимата. Протегањето на објектите во Охрид урбанистички треба да биде север-југ со ориентација исток-запад, за да може да има струење на свежината од езерото. Сега со ова тоа ќе биде блокирано“, вели Стојаноски.

Местото каде што треба да никнат неколкуте висококатници

И охриѓани со кои разговаравме се против реализацијата на овој план.

„Јас мислам дека ќе дојде до гушење на градот. Не е тоа што беше, а да се прават мегаломански објекти не. Има простор каде да се шири градот. Луѓе кога ќе дојдат од страна нема каде да застанат“, вели еден постар жител на Охрид

„Против изградбата сум на било какви нови станбени објекти во
Против изградбата сум на било какви нови станбени објекти во крајбрежното подрачје на Охрид, бидејки мислам дека и ова што сега е изградено го има целосно сменето ликот на градот.
Анкетиран граѓанин.

крајбрежното подрачје на Охрид, бидејки мислам дека и ова што сега е изградено го има целосно сменето ликот на градот“, вели една помлада охриѓанка.

На последната седница на Советот на општина Охрид нацрт плановите познати како Табана и Ривиера не добија зелено светло. Додека градоначалникот Петрески го бранеше планот за кој тврдеше дека ги имал сите потребни дозволи од надлежните институции, советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Пановски со став дека ова е врв на манипулацијата на Петревски и неговите соработници

Компјутерски приказ на новите згради во центарот на Охрид

.

​„Јас како градоначалник докрај ќе се борам. Воопшто не ми е важно што ќе речат другите граѓани, што ќе речат политичките партии“, рече градоначаникот Александар Петрески.

„Се она што цело време кажувате дека вие сте за граѓаните е само алиби, и ништо друго. Посебно секторот за урбанизам е влезен во преговори за исцртување на детални урбанистички планови, разговара, преговара“, рече Дејан Пановски советник од ВМРО- ДПМНЕ.

Со овие планови е предвидено на просторот пред Охридско лето да никне деловен објект на 4 ката плус приземје, во близина друга зграда со катност приземје плус два ката, на паркингот позади хотелот Ривиера да се изградат три згради од по 3 ката плус приземје како и доградба на хотелот Ривиера. Од локалната самоуправа не се откажуваат од овие планови. Од таму велат дека истите наскоро повторно ќе бидат ставени пред советниците.