„Балканика“ во рацете на Александар Прокопиев

Писателот Александар Прокопиев ја доби книжевната награда Балканика за 2012 година. На фотографијата е со претседателот на жирито Ендрју Вахтел.

Кога би бил лекар и кога би погрешил, тешко дека би можел да ја исправам грешката. А, кога би бил писател, дури и кога би погрешил, секогаш има шанси да пишуваш подобро – вели Александар Прокопиев, добитникот на 14-та меѓународна книжевна награда Балканика.
Нецели три месеца по освојувањето на почесната награда „Хеликон“ во Софија и четири години по кандидатурата со „Ѕиркачот“, Александар Прокопиев, како втор македонски писател по Венко Андоновски, стана добитник на престижната регионална книжевна награда „Балканика“.
Тоа од една страна сигурно дека го обврзува авторот да се посвети на својата работа со доказ дека вредело тоа да го прави, но обрзува некои други фактори да помислат дека токму македонската литература, македонската проза со добри преводи, со добра стратегија може многу да направи за нешто што се нарекува во современиот вокабулар-идентитет на народот, идентитет на културата, идентитет на нацијата.
Александар Прокопиев, писател.

„Како средношколец, на сојузен натпревар во Загреб добив награда и ми направијa прво интервју. Едно од прашањата на новинарката беше - Што вие мислите да студирате? Јас одговорив, литература. Таа беше запрепастена, па нема ли да студирате медицина?! Во моментот ми текна тој одговор што сум го дал пред многу, многу години, јас и реков нешто за кое сега сметам дека е добро погодено. Кого би бил лекар, кога би погрешил, тешко би можел да ја исправам грешката. А кога би пишувал, дури и кога би погрешил, секогаш има шанси да пишувам подобро.“

Прокопиев дополнува дека наградата колку и да е признание за индивидуалната работа, всушност е и признание на цела една литература или попрецизно на македонската проза.

„Тоа од една страна сигурно дека

Писателот Александар Прокопиев ја доби книжевната награда Балканика за 2012 година.

го обврзува авторот да се посвети на својата работа со доказ дека вредело тоа да го прави, но обрзува некои други фактори да помислат дека токму македонската литература, македонската проза со добри преводи, со добра стратегија може многу да направи за нешто што се нарекува во современиот вокабулар - идентитет на народот, идентитет на културата, идентитет на нацијата.“

Од друга страна, писателот знае да забележи дека тој како автор е релативно добро примен во регионот и дека признанијата што досега ги добивал главно биле меѓународни. Но, тоа според него и не е толку важно, туку...

„Важно е дека рецепцијата на моите дела до сега добро одела, но ова веројатно ќе биде одлично гориво да понатаму со добри преведувачи, во добри издавачки куќи, ќе почне да се дистрибуира она што го пишувам и пошироко. Би сакал и веќе имам договори во вториот ден што е многу чудно, и со францускиот и со италијанскиот издавач дека работите ќе одат многу побрзо и поефикасно.“

И, конечно, Прокопиев дополнува дека наспроти ваквите моменти кои на секој автор му ја хранат барем за малку суеата, тој и денеска ќе најде време да допише некој ред врз новиот роман „Ермасници“ и есеите „Скопски предавања“, ќе го сврти својот вообичаен круг по градот и нема да го пропушти кафето со пријателите.

„Никогаш не сум бегал од убавите моменти на задоволства, што некое ги нарекуваат бавни, тоа е пиење кафе, муабет, уживање во тишината, никогаш не сум бегал од нив, ниту ќе бегам, се надевам.“