Движењето против полициска бруталност побара итно и целосно расчистување на убиството во Гостивар и најави протести во Скопје.
Движењето против полициска бруталност побара итно и целосно расчистување на случајот кога полицаец уби две момчиња во Гостивар. Воедно тие за утре најавија протест во Скопје. Петрит Сарачини од Движењето против полициска бруталност вели дека повторно се случува убиство од страна на оние што треба да се грижат за безбедноста на граѓаните. Тој забележува дека, со пренесувањето на изјавата на сторителот, МВР однапред го оценува делото на својот припадник како самоодбрана, а истовремено ја крши презумпцијата на невиност со тоа што го објавува идентитетот на сторителот.
„Овој континуиран дилетантизам на МВР, а во добар дел и на припадниците на седмата сила, во овој случај може да има и посериозни последици по општеството, сега кога, сакале ние или не, тој добива и меѓуетничка интерпретација. Таков е барем впечатокот кај нас – гледаме отсуство на целосни информации од страна на МВР, неефикасно информирање на граѓаните, а тоа резултира со многу шпекулации и подгревање на меѓуетничката омраза. Ѓаволот ја однесе шегата и некој треба да понесе одговорност“, вели Сарачини.
Тој за утре повика на мирни и достоинствени протести во цела Македонија во знак на поддршка и солидарност со протестот што ќе се одржи во Гостивар. Темата за меѓуетнички тензии се наметнува поради тоа што осомничениот и убиените се од различна етничка припадност.
„Би сакале да ги замолиме нашите сограѓани Албанци кои ќе протестираат утре во Гостивар, да не потпаѓаат под влијание на оние кои шират меѓуетничка омраза. Движењето против полициска бруталност поддржува само ненасилни и непартиски протести. Ги повикуваме граѓаните од сите други националности од Гостивар да излезат на протест, да им ја изразат својата поддршка на семејствата на убиените сограѓани“, вели Сарачини.
Поради убиството на двете момчиња денеска во Гостивар се одржаа мирни протести што ги организираше група граѓани од градот.
Mинистерот за правда Блерим Беџети и американскиот амбасадор Пол Волерс, пак, во врска со овој случај порачаа дека треба да се почитуваaт законот и правните процедури. Амбасадорот Волерс посочи дека владеењето на правото треба да надвладее и да следи редовна истражна постапка.
„Сите треба да чекаат тоа да заврши. Во меѓувреме, треба да се биде мирен и да са остави правната процедура да се спроведе. Така се спроведува владеењето на правото, така функционира демократијата и ова е добра можност да се следат правилата“, рeче Волерс.
Полицаец кој не бил на должност, со службениот пиштол вчера застрела двајца гоствиварци, по расправија за паркинг место која преминала во тепачка. МВР поднесе кривична пријава за убиство против полицаецот, кому му е одреден притвор од 30 дена. Министерството соопшти дека по убиството, осомничениот дошол во полициска станица и сам се пријавил. Полицијата соопшти дека тој рекол дека бил нападнат од 4 лица, по што посегнал по оружјето и застрелал двајца луѓе.
Овој случај може да има и посериозни последици по општеството, сега кога, сакале ние или не, тој добива и меѓуетничка интерпретација.Петрит Сарачини, Движење против полициска бруталност.
Би сакале да ги замолиме нашите сограѓани Албанци кои ќе протестираат утре во Гостивар, да не потпаѓаат под влијание на оние кои шират меѓуетничка омраза.Петрит Сарачини, Движење против полициска бруталност.