Намаленото индустриско производство наговестува дека кризата удри и врз македонските фирми. Експертите порачуваат Владата да преземе мерки за да може фирмите полесно да се справат со кризата.
Синдикатите во енергетскиот и во индустрискиот сектор истакнуваат дека компаниите се судираат со намалување на нарачките на нивните производи. Падот на побарувачката најбргу и засега најмногу се чувствува во металургијата.
Според Пеце Ристевски од Синдикатот за рударство, енергетика и индустрија ваквата тенденција покажува дека кризата е присутна во земјава и оти неизвесно е дали последиците во наредниот период може подрастично да се почувствуваат.
„Во индустријата имаме значи во металургијата, таму дојде тој спојот на намалени нарачки, високи трошоци за производство, имајќи го предвид недостатокот на електрична енергија која учествува со висок процент во трошоците на производство, значи во металургијата најдрастично се почуствува и најбрзо.“
Во соопштението на Заводот за статистика се дава оценка дека во секторот Рударство и вадење камен, индустриското производство бележи опаѓање од 12,1 отсто, во секторот - Преработувачка индустрија 4,6, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалување за 20,4 проценти.
Водечките синдикати од рударството и од индустријата го креваат својот глас, посочувајќи дека како резултат на намалувањето на производството може да дојде до негативни
последици на социјален план, иако засега појавата на неангажирани работници се решава со користење годишни одмори.
„Иако во моментот нема, меѓутоа може да се појави опасноста од решавање на проблемот на неангажираните работници, што сметаме дека нема да дојде до тоа, но во секој счучај на социјален план привремено принуден одмор носи низок надоместок, значи 30 проценти помала плата и намалување на сите оние други додатоци.“
Прашањето за заштита на стопанството со цел стапката на невработеност да не се зголемува очигледно треба да биде приоритет на владата во наредниот период оценува Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи.
„Самиот факт што имаме пад на индустриското производство на некој начин е сигнал дека веќе онаа криза што е во ек во светски рамки, дека повторно ќе влијае и на нас, како што изгледа, сценариото од 2009-та повторно ќе се повтори. Владата треба навреме да преземе мерки за да може да се издржи таа фаза што би значел удар врз нашата економија.“
Истото, според економистите, се однесува и на потребата од наоѓање нови пазари каде македонските компании ќе може да извезуваат. Производите на македонската индустрија претежно се наменети за пазарите на европските земји па тамошниот дисбаланс како последица од кризата се одразува кај нас, вели Хаџимустафа.
Во металургијата, таму дојде тој спојот на намалени нарачки, високи трошоци за производство, имајќи го предвид недостатокот на електрична енергија која учествува со висок процент во трошоците на производство, значи во металургијата најдрастично се почуствува и најбрзо.Пеце Ристевски, Синдикат за рударство, енергетика и индустрија.
Според Пеце Ристевски од Синдикатот за рударство, енергетика и индустрија ваквата тенденција покажува дека кризата е присутна во земјава и оти неизвесно е дали последиците во наредниот период може подрастично да се почувствуваат.
„Во индустријата имаме значи во металургијата, таму дојде тој спојот на намалени нарачки, високи трошоци за производство, имајќи го предвид недостатокот на електрична енергија која учествува со висок процент во трошоците на производство, значи во металургијата најдрастично се почуствува и најбрзо.“
Во соопштението на Заводот за статистика се дава оценка дека во секторот Рударство и вадење камен, индустриското производство бележи опаѓање од 12,1 отсто, во секторот - Преработувачка индустрија 4,6, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалување за 20,4 проценти.
Водечките синдикати од рударството и од индустријата го креваат својот глас, посочувајќи дека како резултат на намалувањето на производството може да дојде до негативни
Самиот факт што имаме пад на индустриското производство на некој начин е сигнал дека веќе онаа криза што е во ек во светски рамки, дека повторно ќе влијае и на нас, како што изгледа, сценариото од 2009-та повторно ќе се повтори. Владата треба навреме да преземе мерки за да може да се издржи таа фаза што би значел удар врз нашата економија.Шенај Хаџимустафа, Центар за економски анализи.