Наталитетот намален, морталитетот зголемен

Илустрација: Мајка со дете.

Сиромаштијата и невработеноста се главните прични што младите се помалку и се подоцна стапуваат во брак, а последица на тоа, пак, е намален наталитет. Населението старее и смртноста е поголема. Лекот е во подобра економија и просперитет – без тоа, никакви мерки не можат да се применат, велат експертите.
Тешката економска состојба, големата невработеност, образованието на населението, одложувањето на стапувањето во брак, се дел од причините кои допринесуваат да се намали наталитетот во земјата. Според последните податоци на Заводот за статистика, во четвртото тримесеие од минатата година има намалување на бројот на живородени деца за 4,7 проценти во однос на истиот период во 2010, а зголемување од 0,8 проценти на умрените лица.
Ако ги погледнете 2010 и 2009-та година имаме некаков пораст на живородените деца, меѓутоа со , по мене непромислената, одлука на Уставниот суд, каде се укинаа додатоците за трето дете и така натаму, особено во регионите каде има таканаречена тотална комулативна стапка на фертилитет под 2,1 процент. Вие мора да имате 2,1 дете во семјство за да имате проста репродукција.
Славе Ристески, професор по демографија.

Наталитетот во Македонија константно опаѓа од 1948 кога на 1.000 жители се раѓале по 40 новороденчиња, до последните години кога тој број изнесува 11 новороденчиња на 1.000 жители. Тоа, според некои демографи, не е доволно за да се обавува проста репродукција, вели професорот по демографија Славе Ристески. Сите индикатори покажуваат дека населението се намалува, бидејќи земјата е навлезена во интензивен процес на демографско стареење, вели тој. Владата донесе стратегија за намалување на наталитетот, некои од мерките дадоа и резултати, но не насекаде, додава Ристески.

„Ако ги погледнете 2010 и 2009-та година, имаме некаков пораст на живородените деца, меѓутоа со, по мене, непромислената одлука на

Природен прираст во Македонија.

Уставниот суд, каде се укинаа додатоците за трето дете и така натаму, особено во регионите каде има таканаречена тотална комулативна стапка на фертилитет под 2,1 процент. Вие мора да имате 2,1 дете во семјство за да имате проста репродукција.“

Ако ги погледнеме податоците на
Опфатеноста во високото образование, причина може да биде и одложувањето на стапување во брак, порано ако било просек 20 години, дваесет и една -две, сега тој просек се поместува на 26-27. Причини од економската природа главно се врзани од она што се нарекува невработеност, она што е немање перспектива.
Илија Ацевски, социолог.

Заводот за статистика, ќе забележиме дека во 2000 година бројот на живородени деца изнесувал 26.168, во 2005 изнесувал 22.282, додека во 2010 имало 24.296 живородени деца. Бројот на умрени, пак, константно се зголемува.

Социлогот Илија Ацески вели дека има низа причини зошто се намалува наталитетот.

„Опфатеноста во високото образование, причина може да биде и одложувањето на стапување во брак, порано ако било просек 20 години, дваесет и една -две, сега тој просек се поместува на 26-27. Причини од економската природа главно се врзани од она што се нарекува невработеност, она што е немање перспектива.“

Но во Македонија има паралелни демографски текови, велат експертите. Додека во некои региони бројот на живородени деца се намалува, во некои расте. Тие препорачуваат низа мерки со кои би се зголемил наталитетот.

„Давање економси и социјални мерки. Да тргнеме од мајката, да се зголеми породилното отсуство, да и се помага во растење на детето до претшколска возраст, можеби и да не се плаќа градинка, или, пак, да има други олеснувања, да имаат помали каматни стапки за земање на кредити“, вели професор Ристески.