Здруженија на лекари, на пациенти и опозицијата побараа повлекување на новиот предлог-закон за здравствена заштита, со кој, меѓу другото лекарите се дефинираат како јавни службеници. Министерот за здравство, Тодоров изјави дека нема да прифати одложување на законот.
Новиот предлог-закон за здравствена заштита предвидува модел на плаќање по успешност како и одредба која ги дефинира лекарите како јавни службеници. Ова е спротивно на Уставниот суд кој одлучи дека докторите не можат да бидат административци. Опозицијата бара доработување на законот и одржување јавна расправа меѓу двете читања на законот.
Основната забелешка на СДСМ е дека третманот на здравствените работници како јавна администрација е деградирачки за лекарската професија. За опозицијата, спорен е и моделот на казнување, како и одредбата од законот која вели дека и Фондот за здравство има право да дава упатства за медицина базирана на докази.
„Се задржуваат бројните директори, бројните управни одбори во здравствените институции, што мислиме дека е погрешно. Исто така, испитите за директори кои се воведуваат му се дава можност на Министерството за здравство да го дерогира образовниот систем во Република Македонија, е нешто што е
погрешно, можноста управниот одбор на болници, на универзитетски клиники да членуваат луѓе со средно образовнаие, мислам дека е катастрофално“, изјави Андреј Петров.
Освен пратениците од опозицијата, повлекување на законот побараа и лекарските здруженија и
здруженијата на пациентите. Некои од синдикатите реагираа за моделот на плаќање по учинок дека нема логика докторите да добиваат плата според сработеното, ако недостигаат 500 специјалисти. Претседателот на Синдикатот на здравствените работници Љубиша Каранфиловски наведува дека оваа одредба е во спортивност со колективниот договор. Најголемата заложба на Синдикатот е да не влезе успешноста во делот на основната плата.
„Основа на се ни е, основната плата да биде таа што е основна по основ на полно работно време и толку, а не како што сега го прават, делот од успешноста да биде во основната плата со дел на процентуално намалување на таа основна плата. Значи тука синдикално нам ни се пали црвената сијаличка кога е во дел на исплата на плати.“
Забелешки има и за мрежата на здравствени установи. Таа ќе го уназади развојот на здравствениот систем, аргументираа лекарите.
Денеска Советот на Самостојниот синдикат заседаваше по основ предлог законот за здравствена заштита и разгледуваше какви ќе бидат нивните натамошни чекори.
„Бидејќи јас чуствувам дека има простор за отстапка за овој член, очекуваме на нашата реакција да видиме каков ќе биде одговорот, а ако не, тогаш како тело ќе донесеме одредена друга мерка за некаков друг вид на притисок“, вели Љубиша Каранфиловски.
Во Минстерството за здравство наведуваат дека при создавање на законот биле консултирани сите релевантни организации и дека биле прифатени дел од нивните забелешки. Министерот за здравство Тодоров изјави дека нема да прифати одложување на законот, дел од забелешките ќе се вметнеле преку амандмани. Тодоров објасни дека дел од учесниците не ја разбрале мрежата на установи.
Се задржуваат бројните директори, бројните управни одбори во здраствените институции, што мислиме дека е погрешно, исто така, испитите за директори кои се воведуваат му се дава можност на министерството за здравство да го дерогира образовниот систем во Република Македонија, е нешто што е погрешно.Андреј Петров, СДСМ.
Основната забелешка на СДСМ е дека третманот на здравствените работници како јавна администрација е деградирачки за лекарската професија. За опозицијата, спорен е и моделот на казнување, како и одредбата од законот која вели дека и Фондот за здравство има право да дава упатства за медицина базирана на докази.
„Се задржуваат бројните директори, бројните управни одбори во здравствените институции, што мислиме дека е погрешно. Исто така, испитите за директори кои се воведуваат му се дава можност на Министерството за здравство да го дерогира образовниот систем во Република Македонија, е нешто што е
Освен пратениците од опозицијата, повлекување на законот побараа и лекарските здруженија и
Основа на се ни е, основната плата да биде таа што е основна по основ на полно работно време и толку, а не како што сега го прават, делот од успешноста да биде во основната плата со дел на процентуално намалување на таа основна плата. Значи тука синдикално нам ни се пали црвената сијаличка кога е во дел на исплата на плати.Љубиша Каранфиловски, Синдикат на здравствени работници.