„Црн зачин, добар за око“ е насловена самостојната изложба на уметницата Симонида Филипова-Китановска чие отворање на 17 февруари во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија предизвика огромен интерес кај тамошната културна јавност. Постановката ќе трае до 15 април и е дел од годишната програма за меѓународна соработка на нашето ресорно министерство.
Изложбениот салон на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија бил претесен да ги прими бројните љубители на ликовната уметност и на творечкиот опус на познатата македонска уметница Симонида Филипова-Китановска кои во петокот, на 17 февруари, се решиле да го проследат отворањето на нејзината самостојна постановка во бугарската метропола. Ликовни уметници, критичари, студенти на тамошните академии, како и видни претставници од културниот живот дошле да ги видат делата што таа овојпат ги понуди со заеднички наслов „Црн зачин, добар за око“.
„Изложбата беше доста посетена, имаше многу луѓе на отворањето, имаше млади студенти од академиите во Софија, мои колеги што живеат во Бугарија... Мислам дека беа задоволни сите од моите дела, од моите слики.“
Симонида Филипова-Китановска на оваа нејзина самостојна постановка во Софија се претставува со 27 дела избрани од циклусите „Магично око“ и „Црн зачин“ настанати во последниве две години. За актуелниот момент од сопственото творештво таа забележува:
„Повеќе се цртежи на хартија, комбинирана техника е со акрил и со молив. Тоа се апстрактни слики и сегде преовладува таа црна боја и затоа го нареков црн зачин.“
Родена 1965 година во Скопје, Симонида Филипова-Китановска, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во класата на професорите Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Член е на ДЛУМ од 1988 година и досега има реализирано повеќе самостојни изложби, како и видео-арт инсталации и перформанси во земјава и во странство. Учествувала на бројни меѓународни ликовни колонии, во 1989 година го освои највисокото признание на Биеналето на југословенски акварел - БАЈ што се одржа во Карловац, а на двапати беше и добитничка на наградата „Димитар Пандилов“ која ДЛУМ ја доделува за сликарство во мал формат.
Уметницата со години наназад остава силен и препознатлив белег на македонската и интернационалната ликовна сцена, а покрај тоа таа е активна и како илустратор на книжевни и дискографски изданија и инструктор по црање и сликање.
Минатата година, Филипова-Китановска своите дел на македонската публика и ги претстави на изложбите во Домот на АРМ и Галерија 8, излагаше и во изложбениот простор „Тукат мунга“ во Љубљана, Словенија, а по отворањето на актуелната постановка во Софија што е планирано да трае до 15 април се подготвува и за престојното Биенале на акварел.
Повеќе се цртежи на хартија, комбинирана техника е со акрил и со молив. Тоа се апстрактни слики и сегде преовладува таа црна боја и затоа го нареков црн зачин.Симонида Филипова-Китановска, сликарка.