Македонија останува посветена на решавање на спорот за името со Грција - став на државниот врв. Како главен аргумент ќе се користат пресудата од Хаг, а остануваат и надежите дека доаѓањето на Нимиц ќе го придвижи процесот.
Република Македонија останува цврсто посветена за надминување на спорот за името и истото го очекува и од Грција, се вели во соопштението од координацијата на државниот врв пред средбите со медијаторот кој во Скопје пристигнува в понеделник.
Во соопштението јасно се препознава и дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата ќе биде македонскиот аргумент на престојната посета на медијатопрот Нимиц на Скопје, бидејќи во соопштението се вели дека таа укажа на неоправданоста од грчката блокада на македонската покана за НАТО во 2008 и потврди дека македонските позиции се засновани на меѓународното право и почитувањето на добрососедските односи. Се поздравува и посетата на Нимиц со надеж, како што се вели во соопштението, дека таа ќе придонесе за продолжување на разговорите за надминување на разликите околу името.
На денешната средба, амбасадорот Јолески информирал и за раговорите со медијаторот Нимиц во јануари. Во врска со македонските позиции уште пред неколку дена шефот на државата рече дека се јасни.
Вообичаена и посветена на анализа на
средбите одржани претходно во Њујорк меѓу медијаторот и амбасадорите на двете земји, како и на некои средби, посети и активности одржани во меѓувреме важни во контекст на спорот за името, велат од кабинетот на претседателот.
Доколку позициите се јасни тогаш од координацијата веројатно треба да произлезат формални одлуки во врска со настапот на престојните средби со медијаторот, коментираат експертите.
Но, освен на државниот врв, треба и на пошироката јавност во земјата да исе стави на располагање што е тоа што им е јасно на претставниците на власта, изјави пред средбата Андреј Петров од
опозициската СДСМ.
„Значи јас не знам што разговараат, тие имаат право да се координираат меѓу себе, меѓутоа она што е интересно да се направи е таа стратегија што постои доколку постои да ја презентираат, никој во јавноста не знае која е стратегијата и што е тоа што им е јасно.“
Власта најпрвин треба да изгради став и тој став да и го соопшти на јавноста, а потоа и да бара поддршка од опозицијата за заземените позиции, додава Петров. Патем, опозицијата останува на позицијата дека поддржува се што е во прилог на државните интереси.
Експертите, пак, без оглед на вообичаеноста и прифатливоста на формите под кои се одржуваат координациите на преставниците на власта, се на ставот дека за едно вака сложено прашање Македонија се уште нема широк консезус којшто би требало да го постигнат освен претставниците на власта и претставници на останатите политички и интелектуални елити во земјата.
„Секако, најодговорни се оние кои се на власт околку решавањето, меѓутоа добро би било кога би биле вклучени и останатите и тоа е пракса во сите демократски општества. Тое се препорачува и од страна на ЕУ, да бидат во ова вклучени сите политички чинители“, изјави професор Елена Андреевска.
На денешната координација кај претседателот присуствуваа премиерот Груевски, претседателот на Собранието Вељаноски, министерот за надворешни Никола Попоски, заменик претседателот на владата Муса Џафери и амбасадорот Зоран Јолески.
Македонскиот државен врв ја поздрави посетата на амбасадорот Нимиц на Македонија и Грција со надеж дека тоа ќе придонесе за продолжување на разговорите за надминување на разликата околу името.Соопштение од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.
На денешната средба, амбасадорот Јолески информирал и за раговорите со медијаторот Нимиц во јануари. Во врска со македонските позиции уште пред неколку дена шефот на државата рече дека се јасни.
Вообичаена и посветена на анализа на
Значи јас не знам што разговараат, тие имаат право да се координираат меѓу себе, меѓутоа она што е интересно да се направи е таа стратегија што постои доколку постои да ја презентираат, никој во јавноста не знае која е стратегијата и што е тоа што им е јасно.Андреј Петров, СДСМ.