Власта ја сфаќа пораката на Меркел како добронамерна, опозицијата како критичка за владата. Нема ЕУ и НАТО без решение на спорот за името.
Пораката „нема Европска унија и НАТО без решение на спорот за името“, која германската канцеларка Ангела Меркел вчера му ја пренесе на премиерот Никола Груевски, за политичките претставници е сигнал дека интензивно треба да се работи на решавање на долгогодишниот проблем. За владејачката ВМРО-ДПМНЕ, средбата Меркел-Груевски е потврда дека Германија има разбирање и ги поддржува евроинтеграциите на Македонија. Пораките од Меркел ги сфатиле добронамерно.
„Во светло на спорот за името е особено значајна поддршката исто така од оваа држава, сепак со назнаката дека преговорите помеѓу Република Македонија и Република Грција во рамките на ОН треба да резултираат со изнаоѓање решение за спорот за името“, изјави Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Новата социјалдемократска партија смета дека пораките се јасни и недвосмислени, а СДСМ најави официјална реакција во текот на денот.
Опозициската ДПА, пак, смета дека пораките на меѓународните претставници не допираат до власта. За Зијадин Села од оваа партија, очигледно е дека секој вид лобирање и засилен дипломатски ангажман пред самитот на НАТО во Чикаго е залуден, ако не се реши спорот со Грција.
„Резултат на лобирање и средби се овие пораки, решете го името. Кога некој ти вели да решиш некој проблем, а ти се занимаваш со сосема други проблеми, а овој не го имаш решено, тоа е ептен несериозно од владејачката коалиција.“
Од Демократската унија за интеграција, пак, велат дека пораките од Берлин не се нови и досега нечуени. Тие, велат од оваа партија, само ја покажуваат потребата од што поскоро решавање на клучниот предуслов за македонските евроатлански интеграции.
„Што поскоро ја прифатиме таква каква што е, во вистинска смисла, таа порака, тоа ги зголемува или ги прави поголеми шансите и веројатноста да го промениме евентуалниот исход од самитот во Чикаго, што барем досега се чини дека ќе биде негативен по однос на интеграцијата или шансите за интеграција, членство на Македонија во НАТО оваа пролет“, изјави Ермира Мехмети од ДУИ.
Покрај директната порака од Меркел дека не треба да се надеваме на отворање преговори со Унијата и членство во НАТО ако не се реши спорот, вчера беше потврдена и официјалната позиција на Алијансата од страна на заменик-помошникот на генералниот секретар за јавна дипломатија Стефани Бабст. Таа рече дека позицијата на НАТО останува непроменета од самитот во Букурешт и оти прашањето за името мора да се реши пред да биде разгледана можноста за прием на земјава во Алијансата.
Во светло на спорот за името е особено значајна поддршката исто така од оваа држава, сепак со назнаката дека преговорите помеѓу Република Македонија и Република Грција во рамките на ОН треба да резултираат со изнаоѓање решение за спорот за името.Александар Спасеновски, ВМРО-ДПМНЕ.
„Во светло на спорот за името е особено значајна поддршката исто така од оваа држава, сепак со назнаката дека преговорите помеѓу Република Македонија и Република Грција во рамките на ОН треба да резултираат со изнаоѓање решение за спорот за името“, изјави Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Новата социјалдемократска партија смета дека пораките се јасни и недвосмислени, а СДСМ најави официјална реакција во текот на денот.
Опозициската ДПА, пак, смета дека пораките на меѓународните претставници не допираат до власта. За Зијадин Села од оваа партија, очигледно е дека секој вид лобирање и засилен дипломатски ангажман пред самитот на НАТО во Чикаго е залуден, ако не се реши спорот со Грција.
Резултат на лобирање и средби се овие пораки, решете го името. Кога некој ти вели да решиш некој проблем, а ти се занимаваш со сосема други проблеми, а овој не го имаш решено, тоа е ептен несериозно од владејачката коалиција.Зијадин Села, ДПА.