„Не премолчувај го семејното насилство, туку пријавете го", порачуваат членките од Здружението Женски форум - Тетово. Минатата година имале пријавено околу 80 жртви на семејно насилство.
Од година в година расте бројот на лицата кои се решаваат да побараат помош од институциите за својот проблем. Според Верица Тимосиевска, адвокат во Центарот за правна помош при тетовскиот женски форум, најчести жртви на семејно насилство во тетовско се жените - сопруги, но не ретко насилството во семејството е насочено и кон мажите, децата или родителите.
На сите жртви кои ќе се обратат во центарот им се обезабедува бесплатна правна помош, вели Тимосиеска.
„Во последната година имаме пријавено околу 80 жртви на семејно насилство, најзастапено е физичкото насилство, сите што пријавиле физичко насилство, истовремено се и жртви на психичко насилство.“
Претседателката на Женскиот форум во Тетово, Џане Крешова потенцира дека денес проблемот наречен семејно насилство не е скриен меѓу четирите ѕидови на
домот како што било некогаш и сега за него поотворено се зборува.
„Веќе веруваме дека жената на некој начин е освестена со самиот факт што го пријавува семејното насилство, тоа значи дека се подигнува свеста, но тоа не значи дека сме ја постигнале целосно целта, треба да работиме во овој правец многу за да имаме резултати.“
Насилството врз жените е еден од најголемите проблеми на денешницата. Резултатите на многубројните истражувања во светот и кај нас даваат податоци кои алармираат дека проблемот е мошне сериозен. Во Република Македонија, секоја втора жена е жртва на психичко насилство, секоја петта жена на физичко насилство, а секоја 10-та на сексуално насилство. За жал, родовото насилство се уште не е многу препознатливо и признаено од страна на мажите, но и од страна на самите жени, бидејќи во многу случаи појавата е составен дел на патријархалните вредности, посочуваат од невладините организации.
Во последната година имаме пријавено околу 80 жртви на семејно насилство, најзастапено е физичкото насилство, сите што пријавиле физичко насилство, истовремено се и жртви на психичко насилство.Верица Тимосиевска, адвокат во Женски форум - Тетово.