Дваесет и пет, од дваесет и седумте земји членки на Европската унија постигнаа согласност за новиот фискален договор со кој се воведува построга дисциплина во еврозоната. Тоа треба да биде преку побалансирани буџетски правила кои треба да бидат воведени во нивните национални закони. Британија и Чешка го отфрлија договорот.
Новиот договор ќе биде потпишан од лидерите на Европската унија на самитот планиран за први и втори март, а ќе стапи во сила откако ќе биде ратификуван од земјите членки.
Процесот ќе започне и во случај Ирска, чиј Устав бара референдум за сите меѓународни спогодби, да реши да одржи такво изјаснување за договорот.
Британија, која на самитот во минатиот декември ја отфрли фискалната компактност, ќе биде присутна на идните самити на еврозоната како посматрач, а тоа и е овозможено и на Чешка која побара дополнително време за да го простудира документот.
Потпишувањето на текстот за побалансирани буџети и за етаблирање на таканаречени
автоматски последици доколку не се постигнат зацртаните цели сепак нема да оди лесно, велат експертите. Неговата имплементација исто така треба да биде верификувана и од Европскиот суд на правдата.
„Можете да кажете дека ова претставува зајакнување на нашето влијание, што ни е многу важно“, не го криеше задоволството од постигнатото на самиот во Брисел шведскиот премиер Фредрик Рајнфилд.
Лидерите се согласија за договорот откако најдоа компромисно решение на прашањето дали на земјите кои не се во еврозоната да им биде дозволено да учествуваат на предвидените два дополнителни годишни самити на земјите кои ја користат заедничката валута.
„Полска, како и многу други земји е подготвена да преземе одговорност за фискалната компактност, но под еден услов: овие земји да учествуваат во донесувањето одлуки за тоа како таа компактност ќе се спроведува“, изјави полскиот премиер Доналд Туск.
Компромисот е: не на двата туку, само на еден самит можат да учествуваат и земјите надвор од еврозоната.
Евролидерите исто така дискутираа за вториот обид за спасување на Грција од банкрот, иако оваа тема не беше на официјалниот дневен ред.
Грција преговара со приватни банки за отпишување на долгот од околу 100 милијарди евра.
Паралелно со тоа, Германија се противи на давањето на ветената помош од 130 милијарди евра на Атина, без зајакната контрола на финансиската политика во таа земја.
„Грција е специјален случај, бидејќи се вклучени приватни кредитори. Тоа уште еднаш е потврдено, што е многу важно ако се има предвид дека должничката ситуација во Грција е особено лоша. Ќе биде неопходна супревизија ако земјата не ги исполни ветувањата. Тоа не важи за Португалија или за Ирска. На Грција и треба надѕор, таа е специјален случај“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по самитот на Европската унија во Брисел.

Грција е специјален случај, бидејќи се вклучени приватни кредитори. Тоа уште еднаш е потврдено, што е многу важно ако се има предвид дека должничката ситуација во Грција е особено лоша. Ќе биде неопходна супревизија ако земјата не ги исполни ветувањата. Тоа не важи за Португалија или за Ирска.Ангела Меркел, германска канцеларка.