Народните избраници дебатираа за проблемите во здравството. Кој кому оставил поголем долг, кој има кредибилитет да зборува, кој во колапс, здравството или опозицијата?
Распарчен Клинички центар, пропаднати проекти како оној за дополнителна дејност на лекарите или двојното менаџирање на болниците со цел згрижување на партиски војници на директорски места, интегрираниот здравствен систем со воведување електронска картичка и по две години од најавите се уште е во почетна фаза, родилки во 21 век умираат од сепса, покриви на неколку болници се урнаа, при што загина еден човек. Ова се дел од забелешките на опозицијата наведени во „Информацијата за колапсот на јавното здравство во изминатите шест години“ за која расправаа пратениците.
Прашањето на Ивон Величковски од Либералната партија ја отсликува дебата:
„Ако денеска се разболите, кога ќе одите на лекар во 2004 или 2005 година?“
Поголем дел од пратениците дебатираа за прашањата кој на кого му оставил поголем долг во касата за здравството, во чие време имало корупциски афери, кој има кредибилитет да зборува, а кој бил малициозен, кој бил во колапс здравството или опозицијата?
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Спасеновски го искористи времето од говорницата да истакне што се е направено во изминативе 6
години.
„Би сакал да ви укажам на две споредби, првата е дека инвестициите во опрема од 2006 до 2010 изнеуваат 45 милиони евра, а претходно изнесувале само 300 илјади евра. Јас знам дека состојбите во здравството не се совршени, меѓутоа да се говори за катастрофална состојба, ќе се согласите дека е неблагодарно.“
На ваквиот став реплицираше претставникот на опозицијата што ја предложи „информацијата“, Менде Диневски.
„Не кажавте колега колкав е долгот во јавните здравствени установи, не кажавте. Зборувате за реконструкции, за какви реконструкции, како таа на тетовската болница? На покривот во Гостивар? За какви реконструкции зборувате? Точно за такви реконструкции потрошивте многу, многу пари, а граѓаните видоа само зијан.“
Пратениците од владејачкото мнозинство потсетија на неколку афери од времето на владењето на СДСМ, истакнувајќи дека пратениците од опозицијата немаат кредибилитет да зборуваат за состојбите во
здравството поради долгот што го оставиле и, како што велат, нивната соработка со таканаречената „бела мафија“.
„Исто така времето на СДСМ и здравството на СДСМ го паметиме и по аферите на вашиот министер Владо Димов, којшто направи криминал од невидени размери и избега од државата. Здравството од времето на СДСМ го паметиме и по белите бисерни ѓердани кои тој министер за здравство од парите на граѓаните ги купуваше на министерките од владата на СДСМ“, вели Надица Танчева-Тулиева од ВМРО-ДПМНЕ.
Но ни опозицијата не остана должна на ваквите обвинувања.
„Ваш, бивш и сегашен сопартиец Војо Михајловски се товари за купување на „глувче“ за компјутер по фрапантна цена од 69 илјади денари. Купувавте свинско месо по 827 денари, болнички ноќници по цена од 6.800 денари, печка за струја - 3 милиони денари. Сакате вака да дискутираме? Ама тоа нема да го реши проблемот, денес“, додаде претставникот на опозицијата и предлагач на „информацијата“, Менде Диневски.
Министерот за здравство Никола Тодоров се обиде да се дистанцира од таквата дебата прашувајќи дали се лошо спроведени проектите за време на неговото министерување.
„Дали тоа придонесува за хаосот? Јас сакам денеска така да ја водиме дебатата, да ја водиме дебатата со аргументи, да видиме каде можеме нешто да помогнеме, каде може нешто да поправиме, а не да биде дебата на ровови - кој направил лошо или добро во време на ВМРО и кој направил лошо или добро во време на СДСМ.“
Пратеникот Андреј Петров изјави дека дел од прашањата кои ги постави министерот не се лоши, но не може да се зборува дека системски се решаваат проблемите во здравството.
„Ние не спориме со тоа дека се трошат пари во здравството, спориме со тоа како се трошат, спориме со приоритети и за начинот на кој тоа се одвива. Медицинската опрема што требаше да чини 40 милиони евра се набави за 69 милиони евра, затоа што се плаќало на 4 годишни рати, на лихвар да земете па ќе платите помалку и сега некој да убедува дека тоа е стратешки и мудар потег, не е.“
Пратеникот Илија Димовски од говорницата во Собранието побара да се дискутира внимателно за оваа тема без розови или црни очила, па својот говор го започна со судски спор на Министертвото за здравство со приватна фирма за управување на паркинг просторот во Клиничкиот центар, договор склучен во 2005-та година со кој според математиката на Димовски, Клиничкиот центар изгубил над 3 милиони евра.
„И затоа ние денеска велиме, не дека сме оптеретени и опседнати со времето на СДСМ, туку велиме господа за да почнеме да веруваме во вашата искреност и за да не ви велиме вие сте малициозни, дај барем сменете ги кадрите кои зборуваат сега и кои зборувале тогаш. Во раководството на СДСМ и тогаш и сега се истите луѓе, со чест на малку исклучоци, затоа ние велиме дека немаме со кого да зборуваме на оваа тема.“
Либералите посочија дека лекарите се слабо платени, матичните лекари бараат зголемување на капитацијата или партиципацијата од пациентите, приватните установи функционираат во услови на зголемени трошоци, а специјалистите имаат помали примања од матичните лекари. Додека, пак, пратениците на албанската опозициска партија Национална демократска преродба укажаа на дискриминацијата со буџетите на болниците, односно дека битолската болница добива двојно повеќе пари од тетовската.
Не кажавте колега колкав е долгот во јавните здравствени установи, не кажавте. Зборувате за реконструкции, за какви реконструкции, како таа на тетовската болница? На покривот во Гостивар? За какви реконструкции зборувате? Точно за такви реконструкции потрошивте многу, многу пари, а граѓаните видоа само зијан.Менде Динески, СДСМ.
Прашањето на Ивон Величковски од Либералната партија ја отсликува дебата:
„Ако денеска се разболите, кога ќе одите на лекар во 2004 или 2005 година?“
Поголем дел од пратениците дебатираа за прашањата кој на кого му оставил поголем долг во касата за здравството, во чие време имало корупциски афери, кој има кредибилитет да зборува, а кој бил малициозен, кој бил во колапс здравството или опозицијата?
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Спасеновски го искористи времето од говорницата да истакне што се е направено во изминативе 6
„Би сакал да ви укажам на две споредби, првата е дека инвестициите во опрема од 2006 до 2010 изнеуваат 45 милиони евра, а претходно изнесувале само 300 илјади евра. Јас знам дека состојбите во здравството не се совршени, меѓутоа да се говори за катастрофална состојба, ќе се согласите дека е неблагодарно.“
Исто така времето на СДСМ и здравството на СДСМ го паметиме и по аферите на вашиот министер Владо Димов, којшто направи криминал од невидени размери и избега од државата. Здравството од времето на СДСМ го паметиме и по белите бисерни ѓердани кои тој министер за здравство од парите на граѓаните ги купуваше на министерките од владата на СДСМ.Надица Танчева Тулиева,ВМРО ДПМНЕ.
На ваквиот став реплицираше претставникот на опозицијата што ја предложи „информацијата“, Менде Диневски.
„Не кажавте колега колкав е долгот во јавните здравствени установи, не кажавте. Зборувате за реконструкции, за какви реконструкции, како таа на тетовската болница? На покривот во Гостивар? За какви реконструкции зборувате? Точно за такви реконструкции потрошивте многу, многу пари, а граѓаните видоа само зијан.“
Пратениците од владејачкото мнозинство потсетија на неколку афери од времето на владењето на СДСМ, истакнувајќи дека пратениците од опозицијата немаат кредибилитет да зборуваат за состојбите во
Да ја водиме дебатата со аргументи, да видиме каде можеме нешто да помогнеме, каде може нешто да поправиме, а не да биде дебата на ровови - кој направил лошо или добро во време на ВМРО и кој направил лошо или добро во време на СДСМ.Никола Тодоров, министер за здравство.