Во извештајот на Репортери без граници, Македонија се најде на 94 место од 179 земји, по слободата на медиумите во земјата. Нашето рангирање за жал е одраз на реалната состојба, велат експертите.
Затворањето на неколку медиуми во земјава и намалувањето на независноста на медиумите го свртеа вниманието и на Репортери без граници во чиј годишен извештај Македонија се најде на 94 место од 179 земји.
Ова се дел од рекциите по Извештајот на меѓународната организација кој следи по бројни забелешки и од други релевантни меѓународни организации дека состојбата со слободата на медиумите во земјава е загрижувачка.
Петрит Сарчани, раководител на програми во МИМ, коментира дека Репортери без граници објективно ја завршиле својата работа.
„Падот е резултат на повеќе фактори. Македонија изгуби три весника и најгледаната телевизија, а и на други фактори како односите меѓу медиумите, сопствениците, политичките партии, економските односи, начинот на кој судството се
однесува со медиумите.“
Состојбата со слободата во медиумите беше наведена и како најсериозен проблем во последниот извештаја на ЕК за напредокот на земјава. Во слична состојба со нас во извешајот се Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора.
Според комуниколозите, она што загрижува е колку критиките се
сфаќаат сериозно и на кој начин планираме да го развиваме медиумскиот амбиент во иднина .
Според зборовите на професор Весна Шопар, во последно време во поголемиот дел од медиумите речиси и не постои вистинска дебата за актуелни прашања и проблеми.
„Нашето рангирање како Македонија во сферата на медиумите за жал е одраз на реалната состојба таква каква што е, не само што е намален бројот на медиумите, иако има навестувања дека ќе се појават нови медиуми особено во сферата на печатените, меѓутоа и она што како медиумска сцена го имаме, својот изглед се повеќе го менува, комерцијалните медиуми навистина во вистинска смисла на зборот стануваат комерцијални, значи или постои страв или се замолчани.“
Обидите да се надмине проблемот преку дијалог со Владата засега го остава отворено прашањето колку критиките се сфакаат серизно, вели Шопар.
Како сериозни проблеми во Извешајот ги наведуваат: употреба на медиумите за приватни интреси, нефер натпревар на мали пазари, како и самоцензура на се поголем број на лошо платени новинари. За загрозување на слободниот печат во земјава се огласија и ОБСЕ како и Меѓународната федерација на новинари. Опаѓање на демократијата и намалување на независноста на медиумите во Македонија е забележана во последниот извештај на Фридом хаус за „Нациите во Транзиција 2011“.
Падот е резултат на повеќе фактори. Македонија изгуби три весника и најгледаната телевизија, а и на други фактори како односите меѓу медиумите, сопствениците, политичките партии, економските односи, начинот на кој судството се однесува со медиумите.Петрит Сарчани, МИМ
Ова се дел од рекциите по Извештајот на меѓународната организација кој следи по бројни забелешки и од други релевантни меѓународни организации дека состојбата со слободата на медиумите во земјава е загрижувачка.
Петрит Сарчани, раководител на програми во МИМ, коментира дека Репортери без граници објективно ја завршиле својата работа.
„Падот е резултат на повеќе фактори. Македонија изгуби три весника и најгледаната телевизија, а и на други фактори како односите меѓу медиумите, сопствениците, политичките партии, економските односи, начинот на кој судството се
Состојбата со слободата во медиумите беше наведена и како најсериозен проблем во последниот извештаја на ЕК за напредокот на земјава. Во слична состојба со нас во извешајот се Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора.
Според комуниколозите, она што загрижува е колку критиките се
Нашето рангирање како Македонија во сферата на медиумите за жал е одраз на реалната состојба таква каква што е.Весна Шопар, професор