Достапни линкови

Нов сопственик, нова уредувачка политика


Орка Холдинг ги презеде уделите на ВАЦ во Дневник, Утрински и Вест. Комуниколозите очекуваат промени во уредувачката политика и стравуваат дека тоа ќе се одрази врз професионалните стандарди.

Домашната стручна јавност стравува од негативни ефекти по промената на сопственичката структура на трите весници Дневник, Утрински весник и Вест. Откако вчера и официјално беше соопштено дека групацијата Вац ги продаде своите удели во трите весници на фирмата Орка Холдинг, комуниколозите велат дека е извесно оти уредувачката политика на овие медиуми ќе претрпи одредени имени. Иако бизнисот со медиумите е динамичен, прелевањето на сопственичката структура ќе се одрази врз професионалноста.
Не сме се виделе со новиот сопственик, однапред не можам ништо да зборувам, но мислам дека не би требало да има никави проблеми, весникот сепак го прават новинарите.
Соња Крамарска, главен уредник на Утрински весник.

„Останува да се види дали сопствеништвото повторно по онаа логика на локалните стандарди или на локалните навики, помалку или повеќе ќе се вмешува во работата на новинарите“, изјави комуникологот Сеад Џигал.

Се уште е рано да се каже дали уредувачката политика на Утрински весник ќе претрпи измени, вели главниот и одговорен уредник на Утрински, Соња Крамарска. Ќе продолжиме да работиме посветено и објективно, во функција на нашата читателска публика, вели Крамарска.

„Не сме се виделе со новиот сопственик, однапред не можам ништо да зборувам, но мислам дека не би требало да има никави проблеми, весникот сепак го прават новинарите.“

Според комуникологот Џигал,
Останува да се види дали сопствеништвото повторно по онаа логика на локалните стандарди или на локалните навики помалку или повеќе ќе се вмешува во работата на новинарите.
Седа Џигал, комуниколог.
странските инвестиции во медиумите се покажале како позитивна промена зашто, како што вели, внесуваат дополнителна доза на професионализам, а ги неутрализираат локалните аномалии. Нивното повлекување од македонскиот пазар повлекува неповолни ефекти.

„Повторно тука засилено е влијанието на некои локални фактори што се покажаа дека не се во прилог на професионалното работење на медиумите“, вели Џигал.

Искуството покажало дека секоја промена на сопственичка структура повлекува и промена на уредувачката политика во медиумот, вели комуникологот Марко Трошановски. Останува да видиме како новиот сопственик ќе го менаџира бизнисот кој досега не го водел.

„Фирмата што ги презема изданијата на МПМ нема искуство со менаџирање на медиуми, пред се на печатени медиуми, така што дали ќе бидат позитивни или негативни промените ќе покаже времето, меѓутоа да, очекувам промени во уредувачката политика.“

Во соопштението до јавноста се вели дека продажбата е дел од стратегијата на ВАЦ најавена во август 2010 година за оттуѓување на уделите на фирмите во Југоисточна Европа.

Инаку слободата на медиумите беше една од главните критики во извештајот на Европската комисија за нашата земја. Меѓународните претставници укажуваат на партиски притисоци врз сопствениците на медиумите, што пак директно се одразува врз уредувачката политика на медиумите во земјава.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG