Ракометарите денеска ќе си ги одмерат силите со Германија. Навивачите очекуваат победа. Се бара карта повеќе. Кој не си купил на време, ќе одвои и повеќе од 50 евра за да си набави карта на црно.
Македонската машка ракометна репрезентација денеска ќе го одигра вториот натпревар на европското првенство во Србија со репрезентацијата на Германија. Доколку нашата екипа забележи победа сигурно ќе се пласира во следната фаза по групи која ќе се игра во Белград.
Поддршката од македонските фанови во земјава и во Ниш, како и на првиот натпревар во неделата со Шведска, нема да изостане. Сите се надеваат дека ракометарите ќе извојуваат победа и со тоа ќе влезат меѓу најдобрите 12 репрезентации на првенството.
„Очекуваме да се пласираат понатаму. Имаат услови. Имаат поддршка. Цела јавност е со нив. Само тоа да не е тоа малку повеќе нагласено и да не испадне од нешто
ништо.“
„Очекуваме победа и само победа.“
„Победа и денеска и в четврток. Мислам дека ќе поминат понатаму и ќе се пласираат во втор круг.“
Се очекува и овој натпревар салата Чаир да биде во црвено жолтата боја и ракометарите да ги бодрат околу 4.000 навивачи. Некои од нив кои не успеале да дојдат до карти ќе ги бодрат ракометарите во фан зоната, каде атмосферата е иста како и на трибините.
Во фан-шоповите велат дека прометот е зголемен поради европското првенство и навивачите купуваат секакви реквизити со знамето на Македонија и дресови од репрезентативците.
„Поголема заинтересираност има, нормално. Повеќе муштерии. Сите се спремаат да одат.“
РСЕ: Од кого најмногу бараат дрес?
„Па од сите.“
РСЕ: Какви други реквизити освен дресови купуваат?
„Капчиња, шалчиња, тоа претежно“, велат од фан-шопот.
Доколку некои од навивачите имаат среќа да најдат карта на црно таа ќе ги чини најмалку 50 евра по натпревар. Додека, пак, повратениот билет за превоз до Ниш е од 900 денари па нагоре. На граничниот премин со Србија, за да им се овозможи на граѓаните да стигнат што побрзо, се отворени неколку ленти и се чека околу 15 минути. Македонија, која на европското првенство се наоѓа во групата Б, на првиот меч со фаворизираната Шведска освои бод. Последниот натпревар во Ниш го играме в четврток со репрезентацијата на Чешка.
Очекуваме да се пласираат понатаму. Имаат услови. Имаат поддршка. Цела јавност е со нив. Само тоа да не е тоа малку повеќе нагласено и да не испадне од ништо нешто.Анкетиран граѓанин.
Поддршката од македонските фанови во земјава и во Ниш, како и на првиот натпревар во неделата со Шведска, нема да изостане. Сите се надеваат дека ракометарите ќе извојуваат победа и со тоа ќе влезат меѓу најдобрите 12 репрезентации на првенството.
„Очекуваме да се пласираат понатаму. Имаат услови. Имаат поддршка. Цела јавност е со нив. Само тоа да не е тоа малку повеќе нагласено и да не испадне од нешто
„Очекуваме победа и само победа.“
„Победа и денеска и в четврток. Мислам дека ќе поминат понатаму и ќе се пласираат во втор круг.“
Се очекува и овој натпревар салата Чаир да биде во црвено жолтата боја и ракометарите да ги бодрат околу 4.000 навивачи. Некои од нив кои не успеале да дојдат до карти ќе ги бодрат ракометарите во фан зоната, каде атмосферата е иста како и на трибините.
Поголема заинтересираност има нормално. Повеќе муштерии. Сите се спремаат да одат. Капчиња, шалчиња тоа претежно.Продавачка во фаншоп.