Кинеските власти сметаат дека на телевизијата има премногу забава. Затоа издадоа наредба за ограничување на таквиот вид програми.
Како и насекаде во светот, така и директорите на кинеските телевизии постојано се грижат за конкуренцијата од другите и за одржливоста на нивните бизнис модели. Сега тие имаат нова грижа: Како да ја направат нивната понуда во ударните термини што е можно помалку забавна. Според новата наредба која стапи во сила на 1-ви овој месец, 34-те кинески сателитски телевизиски станици мора да ја ограничат, како што се наведува, прекумерната забавна програма и вулгарната содржина.
Тоа значи кратење на она што им најпопуларно, она што им е најевтино и она што им носи најголема заработувачка на телевизиите. Така веќе не се емитува „Супер девојка“, едно од најгледаните пејачки натпреварувања, бидејќи властите оценија дека било предолго и оти ја труело младината.
Во наредбата на Државната админситрација за радио, филм и телевизија, прецизно се посочува што се може да се емитува за време на ударниот термин од 19 и 30 до 22 часот. Во овој период, кој во Кина е познат како „златно време“, сега мора да бидат вклучени две 30-минутни емисии вести и не повеќе од 90 минути лесни шоуа кои им се најомилени на стотиците милиони кинески гледачи. Тоа вклучува сапунски опери и натпреварувања на млади пејачки надежи, во кои луѓето гласаат за нивните фаворити.
Под владиниот притисок, бројот на ваквите емисии ќе биде намален, од над 120, на 40 неделно. Споредено со понудата во другите земји, според познавачите на приликите, кинеската телевизија е премногу скротена. Гледачите кои бараат еротика, жежок или груб јазик тоа ќе го прават залудно.
Од друга страна, кинеските телевизии и натаму се успешни. Оваа индустрија, вклучувајќи го и радиото, во 2010 година порасна за една четвртина со остварен приход од над 33 милијарди долари. Напорите работите да се направат поздодевни се дел од пошироката кампања за културно затегнување во годината која се смета дека ќе биде една од најуспешните во оваа деценија за Кина.
Претседателот во заминување Ху Џинтао неодамна предупреди од опасноста странските сили да ја злоуптребат културата и идеологијата за да ја западнизираат и да ја поделат земјата. Новите лидери веќе ветија дека ќе останат будни со цел да ги отстранат ваквите закани.

Споредено со понудата во другите земји, според познавачите на приликите, кинеската телевизија е премногу скротена.