Три патни ленти за во Србија – две за во Македонија, само со нови лични карти. Ракометарите ве чекаат во Ниш.
Од ноќеска на полноќ, стапи на сила новиот режим на минување на границата помеѓу Република Македонија и Република Србија наменет за државјаните на двете земји, кој предвидува освен со важечка патна исправа, лицата да можат да патуваат и со биометриски лични карти.
На вчерашниот состанок меѓу претставници на двете гранични полиции, како што соопшти МВР, беа договорени и мерките кои ќе се преземаат за излегување во пресрет на македонските државјани кои ќе патуваат за претстојното Европско првенство во ракомет.
Три ленти за во Србија – две за во Македонија
Со мерките е предвидено отворање на три дополнителни ленти за излез од Македонија, како и на дополнителни ленти за влез од српска страна.
Според досегашните информации, најголема фреквенција се очекува во текот на утрешниот ден за кога се најавени 20-тина автобуси и комбиња, како и поголем број патнички возила.
Навивачите кои ќе патуваат организирано од српска страна ќе бидат пречекувани и проследувани од српската полиција, додека од македонска страна на граничниот премин „Табановце“ ќе биде распореден и еден вод на Единицата за брзи интервенции, доколку се јави потреба или има некакво нарушување на јавниот ред и мир. Покрај режимот, на состанокот е договорено двете гранични служби да ги координираат активностите и континуирано да разменуваат информации.
Дел од граѓаните веќе почнаа да го користат новиот режим на патување и да заминуваат кон Ниш, така што околу пладне на граничниот премин „Табановце“ веќе се упатиле 10-тина автобуси, но и поголем број возила на кои во шест ленти им се овозможува излез од земјава, а просечното време на чекање е околу 30-тина минути, стои во соопштението од МВР.
Ракометарите на Македонија се веќе во Ниш
Македонските ракометари вчера попладнето заминаа за Ниш, каде од недела ги очекува настап на Европското првенство во Србија. Македонската селекција е во групата „Б“ и за противници ќе ги има репрезентациите на Шведска (недела), Германија (вторник) и Чешка (четврток).
За нашата репрезентација ова ќе биде второ учество на Европско првенство. Селекторот Ѕвонко Шундовски во Ниш одведе 17 играчи. Поради повреди неизвесен е настапот на двајцата пикери Ванчо Димовски и Никола Маркоски. Може да се случи во прв момент Шундовски да пријави 15 играчи, а последниот дополнително да биде пријавен во списокот.
Пријавени се: Борко Ристовски и Петар Ангелов (голмани), Стевче Алушовски, Дејан Манаксов, Владимир Темелков и Златко Мојсоски (крила), Кирил Лазаров, Велко Маркоски, Ацо Јоноски, Наумче Мојсоски, Филип Миркуловски, Влатко Митков, Бранислав Ангеловски и Филип Лазаров (бекови) и Стојанче Стоилиов (пикер).