Дали кај Ахмети е клучот за НАТО и ЕУ?

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети се сретна со амбасадорот на САД, Пол Волерс во седиштето на партијата во Тетово.

Дел од домашните аналитичари велат дека меѓународната заедница гледа во лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како на единствен партнер кој се обидува да ги одблокира закочените евроинтеграции.
Зачестените средби на лидерот на ДУИ Али Ахмети и американскиот амбасадор Пол Волерс се последица на негаторскиот однос на власта кон прашањето за евроинтеграциите. Домашната јавност оценува дека тогаш кога и самиот премиер јавно признава дека се мали шансите за влез на Македонија во Алијансата, на претставниците на Меѓународната заедница не им преостанува ништо друго освен да контактираат со другиот коалиционен партнер, во случајот со Демократската Унија за интеграција.
Некако тешко воспоставуваат контакти со премиерот, доколку повеќе што однапред го знаат исходот со него, имајќи го предвид неговиот крајно негаторски однос и став кон овие прашања.
Насер Зибери,политичкиот аналитичар.

„Некако тешко воспоставуваат контакти со премиерот, доколку повеќе што однапред го знаат исходот со него, имајќи го предвид неговиот крајно негаторски однос и став кон овие прашања“, вели политичкиот аналитичар Насер Зибери.

Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ на 14 октомври 2009 година.


ДУИ остана единствена партија со која Соединетите Држави можат темелно да разговараат за нашите евроатлански аспирации, се согласува политикологот Петар Арсовски. Својата политичка агенда, Соединетите Држави ќе се обидат да ја истераат преку ДУИ, вели тој.

„Мислам дека тие се упатени едни на други баш како што пишува во соопштението. Средбите се на тема НАТО, но жално е што мора да се среќава со Ахмети, затоа што Владата го откачи сега се среќава со единствениот кој остана, кој има таква агенда.“
Притисокот кон ДУИ ќе се зголемува и од сопственото членство и од гласачите и од меѓународната зедница бидејќи тие ќе останат единствени кои декларираат евроатланска определба, а ништо не прават во Влада која е очигледно против таа определба.
Петар Арсовски, политиколог.

Средбите Ахмети-Волерс се обид на ДУИ да го деблокира евроинтегративниот процес на Македонија, смета универзитетскиот професор Арсим Синани. Средбите, според него, се интересни, но и нужни со оглед на фактот што евроинтеграциите и одбраната се ресори на ДУИ, па според тоа, разбирливо е што овие прашања се тема на разговор со оваа партија.

„Ние не знаеме во суштина што се зборува, имаме кратки изјави за медиумите потоа, меѓутоа јас мислам дека Али Ахмети инсистира да ги деблокира процесите за интегрирање во НАТО и во ЕУ.“

Експертите проценуваат дека земјава нема да го добие членството во НАТО на претстојниот самит во Чикаго и дека исходот е однапред познат и негативен за Македонија. Сепак, опасност од распаѓање на владината коалиција не очекуваат.

„ДУИ и овојпат ќе го премолчи овој негативен одговор и ќе продолжи и понатаму да биде соучесник на една политика која не дава никави резултати на планот на евроатланските интеграции на Македонија“, вели Зибери.

Арсовски, пак, додава:

„Сметам дека притисокот кон ДУИ ќе се зголемува и од сопственото членство и од гласачите и од меѓународната зедница бидејќи тие ќе останат единствени кои декларираат евроатланска определба, а ништо не прават во Влада која е очигледно против таа определба.“

Во последните три месеци, ова е трета средба меѓу Ахмети и Волерс. Во соопштението од вчерашната средба се вели дека Ахмети ги повикал Соединетите Држави да и помогнат на Македонија да стане членка на НАТО на следниот самит во Чикаго, притоа истакнувајќи дека секое одлагање предизвикува несигурност и незадоволство во земјата.