Песни на поетот Јовица Тасевски Етернијан деновиве се објавени во новиот број на непалското списание за литература, култура и уметност Апликант, а нешто пред тоа и на страниците на романскиот книжевен портал Уметничка република.
Јовица Тасевски Етернијан е македонски поет, есеист, критичар и преведувач. Уредник е на списанието за литература, уметност и култура Стремеж, член на Друштвото на писателите на Македонија, Друштвото за компаративна книжевност, Британското поетско друштво и Светското поетско друштво, стручен советник за македонска поезија во меѓународниот поетски проект Другите гласови и добитник на индиската поетска награда Восхитувачки поет што се доделува за исклучителен придонес во современата светска поезија.
Негови песни деновиве се објавени во новиот број на непалското списание за литература, култура и уметност Апликант, а нешто пред тоа и на страниците на романскиот книжевен портал Уметничка република. Етернијан со својата поезија е застапен и во декемврискиот број на американското списание Фолиејт оук и во рубриката Истакнати поети и осврти на британската интернет страница Поетски простор.
„За мене како автор пред се значи еден вид признание објавувањето на мојата поезија во повеќе странски списанија на сите континенти, заради тоа што сите списанија се многу селективни во изборот на авторите кои што ќе ги објават. Преку објавувањето и на моите биографски податоци, каде што секогаш е наведено дека јас сум од Република Македонија без никакви додавки и придавки, да речам претставува еден вид афирмација и на мојата држава. Тоа ми значи многу бидејќи така го чуствувам јас, се чуствувам како дел од оваа култура која што понатаму се разбира во еден широк контекст треба да си го најде своето место.“
Говорејќи, пак, за интензивирање на нашата културна размена со светот поетот заговара и посебен фонд во Министерството за култура за таа намена. Нешто слично по примерот на Словенија, Германија и други европски земји.
„Добро би било и Министертвото за култура да одреди и специфичен модус како можат странските издавачи да добиваат поддршка за издавање на преведени книги од македонски автори во нивните држави, затоа што вака како што е во моментов поставено, мислам дека во конкурсот не е возможно само странски издавач да конкурира за да добие барем поддршка за преводот.“
Јовица Тасевски Етернијан е автор на шест поетски и две критичко-есеистички книги, а до крајот на оваа година го очекува и излегувањето на својата нова книжевна објава насловена како Исход.
„Немам објавено поетска книга повеќе години затоа што одлучив да ја преиспитам мојата поетика и да дојдам до рафинирање да речам на изразот во согласност со моите естетски гледишта.“
За мене како автор пред се значи еден вид признание објавувањето на мојата поезија во повеќе странски списанија на сите континенти, заради тоа што сите списанија се многу селективни во изборот на авторите кои што ќе ги објават. Преку објавувањето и на моите биографски податоци, каде што секогаш е наведено дека јас сум од Република Македонија без никакви додавки и придавки, да речам претставува еден вид афирмација и на мојата држава. Тоа ми значи многу.Јовица Тасевски Етернијан, поет.