Citybooks Skopje е проект чија основна цел е да се создаде културна врска помеѓу европските градови и да ги претстави на нов и единствен начин поврзувајќи ги во мултимедијална средина.
Имено, портретот на секој град-учесник се обликува преку расказите на пет писатели, домашни и странски, како и преку визуелните записи на фотограф и автор на видео материјали. Овие пет градски приказни од петте творци вклучени во проектот се споделуваат преку глобалната мрежа во печатен и аудио формат, додека фотографот ја нуди својата визуелизација на градот преку 24 фотографии и исто толку едноминутни видео клипови чија цел е да го илустрираат секој час од денот поминат во таа урбана средина.
Во случајов, на првата презентација на проектот учествуваа Саскиа де Костер од Белгија и Абдекадел Бенали од Холандија, обајцата престижни автори од тој дел на Европа и познатите македонски писатели Гоце Смилевски, Ирена Цветковиќ и Никола Маџиров.
„Авторите ги посетуваат тие градови, пишуваат за нив, за сите оние скриени нешта, сите приказни кои кружат, кои се кажуваат по улиците, а кои ретко кој ги запишал, на некој начин урбаната митологија станува лична, ги надминува сите оние геополитички рамки, тоа е суштината на овој проект, преку личниот израз да се досгине универзалното. Инаку секој би праќал текстови без да биде виден по улиците на тој град, затоа тука е вклучена и видео-документираноста, присуството на сите тие автори да се осведочи“, вели Маџиров.
Од своја страна, Фросина Стојковска која е координатор на проектот и која заедно со Борјана Мојсовска ќе ги изготват фотографиите и видеата, забележува дека:
„Поентата е да се направи уникатен туристички водич, да може да се патува без да се движиш, идеjата ми е да го претставам не Скопје во смисла на она што може да се најде од интернет, слики од згради и слично, туку животот, луѓето...“
Citybooks Skopje е наследник на на претходниот проект на холанско-белгиската фондација де Бурен наречен radiobooks и е подржан од страна на Европската комисија. Скопје, како прв град од Балканот засега, влезе во кругот на неколкуте европски градови вклучени во неговата реализација, а него кај нас го потпишува македонскиот ПЕН Центар со подршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Имено, портретот на секој град-учесник се обликува преку расказите на пет писатели, домашни и странски, како и преку визуелните записи на фотограф и автор на видео материјали. Овие пет градски приказни од петте творци вклучени во проектот се споделуваат преку глобалната мрежа во печатен и аудио формат, додека фотографот ја нуди својата визуелизација на градот преку 24 фотографии и исто толку едноминутни видео клипови чија цел е да го илустрираат секој час од денот поминат во таа урбана средина.
Авторите ги посетуваат тие градови, пишуваат за нив, за сите оние скриени нешта, сите приказни кои кружат, кои се кажуваат по улиците, а кои ретко кој ги запишал, на некој начин урбаната митологија станува лична.Никола Маџиров, поет.
„Авторите ги посетуваат тие градови, пишуваат за нив, за сите оние скриени нешта, сите приказни кои кружат, кои се кажуваат по улиците, а кои ретко кој ги запишал, на некој начин урбаната митологија станува лична, ги надминува сите оние геополитички рамки, тоа е суштината на овој проект, преку личниот израз да се досгине универзалното. Инаку секој би праќал текстови без да биде виден по улиците на тој град, затоа тука е вклучена и видео-документираноста, присуството на сите тие автори да се осведочи“, вели Маџиров.
Поентата е да се направи уникатен туристички водич, да може да се патува без да се движиш.