Снегот наместо да донесе економски препород за угостителските објекти на Пелистер, ја завеа зимската туристичка сезона.
Угостителите се жалат дека планинскиот патен правец до детското одморалиште и хотелот Молика не се одржува редовно од страна на „Македонија пат“. Поради тоа туристите не можат да се сместат во објектите, а хотелскиот персонал мора да пешачи низ планина за да стигне на работа. Посетителите реагираат дека вака туризам не се развива.
„Има најава дека патот нема редовно да се чисти. Ова не е квалитетно чистење за да се прави туризам. Ова е срамота, многу сме разочарани“, вели еден посетител.
Друг пак додава:
„Многу тешко, секоја година не изненадува снегот. Дури да заврши зимата веројатно ќе научиме како се чистат
патиштата.“
Поради непристапниот пат, полн автобус со албански туристи ја откажа посетата во хотелот Молика. Грчките посетители, пак, за време на божиќните празници не можеле да го напуштат хотелот и да го посетат Охрид.
„Апел до надлежните институции за
редовно одржување на патот имајќи предвид колку е важна зимската сезона сега за Пелистер кога се направија сите напори да има скијање на Пелистер“, вели директорката на хотелот Мирјана Митревска.
Во детското одморалиште Пелистер беа приморани да ја одложат првата смена со 250 деца од земјава кои требаше да допатуваат на зимување.
„Треба да се замислиме и да преземеме се, Пелистер, со кој сите се гордееме, а го немаме ставено во приоритети, да го добие местото што го заслужува. Секој ден кај нас е загуба. Излегуваме несериозни, не знаеме кој ќе ја надомести штетата? Пробаа нешто да прават, но очигледно техниката не е на ниво на кое треба да биде за вакви услови. Каде е возилото, се слуша дека имало дефект, ако се чекаше тој да се поправи една цела година, навистина е несериозна работа“, изјави Љупчо Спирковски, деректор на одморалиштето.
Од „Македонија пат“ соопштија дека интервенциите биле отежнати заради временските услови, а истото возило се користело за чистење на Пелистер и Крушево.
Многу тешко, секоја година не изненадува снегот. Дури да заврши зимата веројатно ќе научиме како се чистат патиштата.Посетител на Пелистер.
„Има најава дека патот нема редовно да се чисти. Ова не е квалитетно чистење за да се прави туризам. Ова е срамота, многу сме разочарани“, вели еден посетител.
Друг пак додава:
„Многу тешко, секоја година не изненадува снегот. Дури да заврши зимата веројатно ќе научиме како се чистат
Поради непристапниот пат, полн автобус со албански туристи ја откажа посетата во хотелот Молика. Грчките посетители, пак, за време на божиќните празници не можеле да го напуштат хотелот и да го посетат Охрид.
„Апел до надлежните институции за
Секој ден кај нас е загуба. Излегуваме несериозни, не знаеме кој ќе ја надомести штетата? Пробаа нешто да прават, но очигледно техниката не е на ниво на кое треба да биде за вакви услови.Љупчо Спирковски, директор на одморалиштето Пелистер.