Арапска пролет, катастрофата во Фукушима, убиен Осама бин Ладен, масакр во Норвешка, уапсен Ратко Младиќ... Што го одбележа светот во изминатата година?
Што го одбележа светот во 2012 година? Настаните ги пренесуваме преку фотографии, видеа и куси изјави на директно инволвираните.
Арапска пролет
„Имаме движење во развој на млади луѓе кои употребуваат социјални мрежи да комуницираат и да се собираат, настрана од традиционалните политички сили во Египет.“
Ова беше Ехаб ел Зилаку, издавач на египетскиот весник Ал Масри ал Јоум, кој за Радио Слободна Европа го опиша растечкото незадоволство кај младите зафатени од бранот антивладини протести во арапскиот свет што резултираа со смена на повеќегодишните режими во Тунис, Либија, Алжир, Египет...
„Мои сограѓани, во овие тешки времиња за земјата, претседателот Хосни Мубарак реши да ја напушти функцијата. Господ да не чува“, изјави египетскиот потпретседател Омар Сулејман.
И либискиот лидер Моамер Гадафи се соочи со жестоки протести.
Но, Момаер Гадафи не ја прими пораката, се уште верувајќи во неговата харизма и во љубовта на народот кон него.
„Тие ме сакаат. Сиот мој народ е со мене. Тие сите ме сакат. Тие ќе умрат да ме заштитат. Тоа е мојот народ.“
По неколкумесечниот конфликт кој беше помогнат и од НАТО, Гадафи беше егзекутиран веднаш по апсењето во близина на неговото родно место Сирт.
„Му соопштуваме на светот дека Моамер Гадафи беше убиен од рацете на револуционерите и неговата тиранија и диктатура конечно завршија.“
Фукушима - новиот Чернобил
„До целиот јапонски народ. Како што видовте на телевизија и слушнавте на радио, денеска во 14 часот и 46 минути земјата ја погоди силен земјотрес со магнитуда од 8,9 степени.“
Тогашниот јапонски премиер Наото Кан само го потврди она што подоцна се покажа за најголема катастрофа во Јапонија. Потресот и цунамито однесоа десетици илјади животи и цели градови.
„Голем дел од градот Сендаи е погоден од цунами. Однесени се цели куќи.“
За да биде злото уште поголемо, врз Јапонија, но и врз светот се надвисна и опасност од нуклеарно загадување од централата Фукушима.
„Се верува дека експлозијата е слична како и онаа во реакторот број еден. Наредивме евакуација на луѓето кои живеаат во радиус од 20 километри“, соопшти секретарот на јапонскиот кабинет Јукио Едано.
Убиен Осама бин Ладен, најави за повлекување на американската војска од Авганистан
„Денеска, по моја наредба, Соединетите Држави покренаа операција во Аботабад, Пакистан. Мал тим Американци ја изведоа со извонредна храброст и способност. Ниеден од нив не е повреден. Во престрелка е убиен Осама бин Ладен“, изјави американскиот претседател Барак Обама за крајот на обидите да се стигне до човекот врз кој беше насочен прстот за терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година.
Во потрага по него НАТО покрена воена акција против тогашниот талибански режим во Авганистан.
„Денеска ја поздравуваме објавата на американскиот претседател за повлекување на 10 илјади војници до крајот на годинава. Тоа е добар чекор за народот на Авганистан“, изјави во јуни годинава авганистанскиот претседател Хамид Карзаи за одлуката за постепено повелкување на сојузничките сили од таа земја.
Србија го уапси Ратко Младиќ
„Во името на Република Србија објавувам дека денеска го уапсивме Ратко Младиќ. Во тек е процесот на екстрадиција. Ова е резултат од целосната соработка на Србија со Хашкиот трибунал.“
Ова на прес конференција, одржана на 26 мај во Белград го објави српскиот претседател Борис Тадиќ. На Младиќ, кој повеќе од една деценија успеваше да се крие, сега во Хаг му се суди за геноцид. Според обвинението, тој се товари за масакрот во Сребреница и за организирање на бомбардирањето на Сараево, политичка стратегија на тогашниот претседател на босанските срби Радован Караџиќ, кој исто така беше уапсен во Србија во 2008 година.
Масакар во Норвешка
„Бевме шокирани од насилството, бевме шокирани за оние што ги загубија животите. Но, во исто време, Норвешка е обидинета, со единствена и јасна порака: Ова насилство нема да ја намали нашата способност да бидеме отворено и демократско општество“, беа зборовите на премиерот Јенс Столтенберг на 22 јули на местото каде што Андерс Брејвик изврши бомбашки напади во Осло, а потоа на блискиот остров уби десетици млади Норвежани.
Се претпостави дека тоа го извршил како знак против растечкиот прилив на странци во земјата.
Должничка криза во еврозоната - паѓаат влади во Европа
„Со формирањето на оваа нова влада, испраќаме силна порака до нашите партнери и до меѓународната заедница дека ние Грците знаеме како да преземеме одговорност, како да соработуваме и да се обединиме во овие тешки времиња“, порача во почетокот на ноември во Атина грчкиот премиер во заминување Јоргос Папандреу, откако Грција, која во текот на годината беше соочена со големи социјални нереди беше условена да спроведе построги мерки за штедење за да добие дел од милионскиот заем на ММФ за спасување на земјата од банкрот.
Грчката влада не беше единствената која мораше да си замине од власт поради огромната задолженост во еврозоната.
Веднаш потоа следеше и италијанската влада на Силвио Берлускони. Токму различните гледања за мерките за спасот на еврото ја подели Европската унија, на северно, богато и на јужно, задолжено крило. Лидерите на Франција и Германија предложија промени во европскиот договор за постигнување поголема финансиска дисциплина.
„Седумнаесетте земји членки на еврозоната и многу други се посветени на нова фискална компактност, ново европско фискално правило кое ќе биде пренесено во националните легислативи. Тоа е заради поголема фискална дисциплина“, изјави претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.
Како и да е, кризата во еврозоната почна да му се заканува и на целиот свет. Шефицата на ММФ Кристин Лагард дури предупреди дека доколку продолжи недостигот на решителна акција, светската економија може да се соочи со истите закани што го турнаа светот во Големата депресија во триесетите години од минатиот век.
„Не постои ниту една економија во светот, без оглед дали е богата, супер растечка или сиромашна, која ќе биде имуна на кризата која не само што трае, туку и се интензивира.“
Почина Вацав Хавел, таткото на модерна Чешка
„По долга и тешка болест почина првиот претседател на нашата обновена демократска република Вацлав Хавел. Тој стана симбол на модерната Чешка држава и одигра клучна улога во нејзиното основање, преку својата бестрашна борбата против комунистичкиот тоталитаризам и како водечка фигура на нашата Кадифена револуција“, изјави на 18 декември во Прага чешкиот претседател Вацлав Клаус по повод смртта на Вацлав Хавел, човекот кој зборуваше дека вистината и љубовта мора да ја победат лагата и омразата:
„Сакаме да живееме во слободна, демократска и просперитетна Чехословачка. Сакаме да се вратиме во Европа и никогаш нема да се откажеме од нашите идеали, без разлика што ќе се случува во наредните денови“, рече Вацлав Хавел на 23 ноември 1989 на плоштадот Вацлавске Намјести во центарот на Прага, каде што имаше собрано повеќе од 300 илјади луѓе.
„Големиот лидер“ е мртов, да живее „големиот лидер“
Многу познати личности нема да ја пречекаат новата 2012 година. Меѓу нив и човекот кој си играше со нервите на западните земји и кој за сметка на сиромаштијата на својот народ ја продолжи изградбата на неговата земја како нуклеарна сила. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ил почина на 69-годишна возраст додека бил во воз на пат до следната лидерска обврска, оставајќи го неговиот најмлад син да ја продолжи комунистичката династија на неговиот татко, големиот лидер Ким ил Сунг.
„Под раководство на Ким Џонг Ун ние ќе ја замениме тагата во сила и храброст, така што ќе можеме да ги надминеме сегашните тешкотии и посилно да се бориме во нова победа на нашата револуција.“
Почина Стив Џобс
Во 2011 година, по повеќегодишна борба со ракот, на 56 години почина Стив Џобс, човекот кој ја основаше компанијата Ејпл која со своите изуми како ајподот, ајфонот и ајпадот го сменија начинот на комуницирање и на живеење во светот. Во едно од своите ретки обраќања во јавноста за неговата болест, Џобс, за кого веќе велат дека бил Леонардо да Винчи на нашето време, пред шест години на универзитетот Станфорд рече:
„Никој не сака да умре. Дури и луѓе кои сакаат да одат во рајот не сакаат да умрат за да одат таму. А токму смртта е дестинацијата кон која сите одиме. Никој никогаш не и избегал. И тоа е како што треба, затоа што смртта е многу веројатно единствен најдобар изум на живот. Таа го расчистува старото и прави пат за новото.“
Таква беше годината што ги брои последните часови. Но, колку големите светски настани да имаат големо влијание врз нашите секојдневни мали животи, сепак за среќа некогаш не треба многу. Конечно, станува збор за лично чувство и за личен однос. Па така за некои можеби беше лоша, многумина ќе ја оценат позитивно. И така треба да биде.
Арапска пролет
„Имаме движење во развој на млади луѓе кои употребуваат социјални мрежи да комуницираат и да се собираат, настрана од традиционалните политички сили во Египет.“
Ова беше Ехаб ел Зилаку, издавач на египетскиот весник Ал Масри ал Јоум, кој за Радио Слободна Европа го опиша растечкото незадоволство кај младите зафатени од бранот антивладини протести во арапскиот свет што резултираа со смена на повеќегодишните режими во Тунис, Либија, Алжир, Египет...
„Мои сограѓани, во овие тешки времиња за земјата, претседателот Хосни Мубарак реши да ја напушти функцијата. Господ да не чува“, изјави египетскиот потпретседател Омар Сулејман.
И либискиот лидер Моамер Гадафи се соочи со жестоки протести.
Но, Момаер Гадафи не ја прими пораката, се уште верувајќи во неговата харизма и во љубовта на народот кон него.
„Тие ме сакаат. Сиот мој народ е со мене. Тие сите ме сакат. Тие ќе умрат да ме заштитат. Тоа е мојот народ.“
По неколкумесечниот конфликт кој беше помогнат и од НАТО, Гадафи беше егзекутиран веднаш по апсењето во близина на неговото родно место Сирт.
„Му соопштуваме на светот дека Моамер Гадафи беше убиен од рацете на револуционерите и неговата тиранија и диктатура конечно завршија.“
Фукушима - новиот Чернобил
„До целиот јапонски народ. Како што видовте на телевизија и слушнавте на радио, денеска во 14 часот и 46 минути земјата ја погоди силен земјотрес со магнитуда од 8,9 степени.“
Тогашниот јапонски премиер Наото Кан само го потврди она што подоцна се покажа за најголема катастрофа во Јапонија. Потресот и цунамито однесоа десетици илјади животи и цели градови.
„Голем дел од градот Сендаи е погоден од цунами. Однесени се цели куќи.“
За да биде злото уште поголемо, врз Јапонија, но и врз светот се надвисна и опасност од нуклеарно загадување од централата Фукушима.
„Се верува дека експлозијата е слична како и онаа во реакторот број еден. Наредивме евакуација на луѓето кои живеаат во радиус од 20 километри“, соопшти секретарот на јапонскиот кабинет Јукио Едано.
Убиен Осама бин Ладен, најави за повлекување на американската војска од Авганистан
„Денеска, по моја наредба, Соединетите Држави покренаа операција во Аботабад, Пакистан. Мал тим Американци ја изведоа со извонредна храброст и способност. Ниеден од нив не е повреден. Во престрелка е убиен Осама бин Ладен“, изјави американскиот претседател Барак Обама за крајот на обидите да се стигне до човекот врз кој беше насочен прстот за терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година.
Во потрага по него НАТО покрена воена акција против тогашниот талибански режим во Авганистан.
„Денеска ја поздравуваме објавата на американскиот претседател за повлекување на 10 илјади војници до крајот на годинава. Тоа е добар чекор за народот на Авганистан“, изјави во јуни годинава авганистанскиот претседател Хамид Карзаи за одлуката за постепено повелкување на сојузничките сили од таа земја.
Србија го уапси Ратко Младиќ
„Во името на Република Србија објавувам дека денеска го уапсивме Ратко Младиќ. Во тек е процесот на екстрадиција. Ова е резултат од целосната соработка на Србија со Хашкиот трибунал.“
Ова на прес конференција, одржана на 26 мај во Белград го објави српскиот претседател Борис Тадиќ. На Младиќ, кој повеќе од една деценија успеваше да се крие, сега во Хаг му се суди за геноцид. Според обвинението, тој се товари за масакрот во Сребреница и за организирање на бомбардирањето на Сараево, политичка стратегија на тогашниот претседател на босанските срби Радован Караџиќ, кој исто така беше уапсен во Србија во 2008 година.
Масакар во Норвешка
„Бевме шокирани од насилството, бевме шокирани за оние што ги загубија животите. Но, во исто време, Норвешка е обидинета, со единствена и јасна порака: Ова насилство нема да ја намали нашата способност да бидеме отворено и демократско општество“, беа зборовите на премиерот Јенс Столтенберг на 22 јули на местото каде што Андерс Брејвик изврши бомбашки напади во Осло, а потоа на блискиот остров уби десетици млади Норвежани.
Се претпостави дека тоа го извршил како знак против растечкиот прилив на странци во земјата.
Должничка криза во еврозоната - паѓаат влади во Европа
„Со формирањето на оваа нова влада, испраќаме силна порака до нашите партнери и до меѓународната заедница дека ние Грците знаеме како да преземеме одговорност, како да соработуваме и да се обединиме во овие тешки времиња“, порача во почетокот на ноември во Атина грчкиот премиер во заминување Јоргос Папандреу, откако Грција, која во текот на годината беше соочена со големи социјални нереди беше условена да спроведе построги мерки за штедење за да добие дел од милионскиот заем на ММФ за спасување на земјата од банкрот.
Грчката влада не беше единствената која мораше да си замине од власт поради огромната задолженост во еврозоната.
Веднаш потоа следеше и италијанската влада на Силвио Берлускони. Токму различните гледања за мерките за спасот на еврото ја подели Европската унија, на северно, богато и на јужно, задолжено крило. Лидерите на Франција и Германија предложија промени во европскиот договор за постигнување поголема финансиска дисциплина.
„Седумнаесетте земји членки на еврозоната и многу други се посветени на нова фискална компактност, ново европско фискално правило кое ќе биде пренесено во националните легислативи. Тоа е заради поголема фискална дисциплина“, изјави претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.
Како и да е, кризата во еврозоната почна да му се заканува и на целиот свет. Шефицата на ММФ Кристин Лагард дури предупреди дека доколку продолжи недостигот на решителна акција, светската економија може да се соочи со истите закани што го турнаа светот во Големата депресија во триесетите години од минатиот век.
„Не постои ниту една економија во светот, без оглед дали е богата, супер растечка или сиромашна, која ќе биде имуна на кризата која не само што трае, туку и се интензивира.“
Почина Вацав Хавел, таткото на модерна Чешка
„По долга и тешка болест почина првиот претседател на нашата обновена демократска република Вацлав Хавел. Тој стана симбол на модерната Чешка држава и одигра клучна улога во нејзиното основање, преку својата бестрашна борбата против комунистичкиот тоталитаризам и како водечка фигура на нашата Кадифена револуција“, изјави на 18 декември во Прага чешкиот претседател Вацлав Клаус по повод смртта на Вацлав Хавел, човекот кој зборуваше дека вистината и љубовта мора да ја победат лагата и омразата:
„Сакаме да живееме во слободна, демократска и просперитетна Чехословачка. Сакаме да се вратиме во Европа и никогаш нема да се откажеме од нашите идеали, без разлика што ќе се случува во наредните денови“, рече Вацлав Хавел на 23 ноември 1989 на плоштадот Вацлавске Намјести во центарот на Прага, каде што имаше собрано повеќе од 300 илјади луѓе.
„Големиот лидер“ е мртов, да живее „големиот лидер“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5