Синдикален протест во 12 и 5

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство денеска протестираше против скратувањето на правата на работниците што ќе бидат прогласени за технолошки вишок.

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство при Сојузот на синдикати денеска ќе протестира против скратувањето на правата на работниците што ќе бидат прогласени за технолошки вишок.
Според синдикатот, со измените се нарушуваат правата на работниците, бидејќи се скратува периодот на право на надоместок од пет години на 18 месеци. Генералниот секретар Маре Анчева вели дека голем дел од работниците во овие сектори поради природата на работата не можат да дочекаат пензија и се прогласувани за технолошки вишок.
Работодавачите ќе сакаат да си ги подмладуваат вработените, поради поголема продуктивност и на овој начин се загрозува директно нивната социјална сигурност.
Маре Анчева, ССМ.

„Работниците и натаму подеднакво ќе бидат прогласувани за технолошки вишок во тешката индустрија. Работодавачите ќе сакаат да си ги подмладуваат вработените, поради поголема продуктивност и така натаму и на овој начин се загрозува директно нивната социјална сигурност“, вели Анчева.

Пеце Ристески од синдикатот вели дека протестот е навреме, бидејќи во изминатиов месец го искористиле преку разни активности и средби со надлежните да го решат проблемот, па потоа се консултирале со членството за какви мерки да преземат.

Архива-Протест на работинци пред Собрание


„Онака како што беше тргнато многу не очекувавме, меѓутоа сметавме дека може да се модифицираат некои решенија што ќе бидат прифатливи. Но не е коректно, пак, веднаш на протест, а не сме ги исцрпиле оние демократски, институционални можности што се во социјалниот дијалог“, вели Ристески.

И Анчева вели дека сега се решиле на протести, бидејќи најпрвин се обиделе своите забелешки да ги
Онака како што беше тргнато многу не очекувавме, меѓутоа сметавме дека може да се модифицираат некои решенија што ќе бидат прифатливи.
Пеце Ристески, ССМ.

наметнат по институционален пат.

„Ние не сме анблок против менување на законот. Само сметаме дека овие измени не се соодветни, така што ние се обидовме преку институциите да ги наметнеме нашите предлози и во тој случај немаше потреба да протестираме. Меѓутоа и на второто читање како што е процедурата не беа прифатени тие предлози тогаш се одлучивме дека ќе протестираме“, вели Анчева.

Протестот ќе започне од Собранието, па ќе продолжи пред Владата, а во него учество ќе земе и движењето за социјална правда Ленка.