Собранието да утврди политичка одговорност за министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, бара Комисијата за надзор над следењето на комуникациите. Претседателот на Комисијата, Тито Петковски е извршител на нарачките на Црвенковски, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана усвои заклучок, Собранието да утврди политичка одговорност за министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска поради, како што е се наведува, понижувачкиот и неодговорен однос кон Комисијата, пратениците и Собранието, како и поради непочитување на Законот за следење на комуникациите.
Претходно, пратеникот Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата, со образложение дека претседателот на Комисијата, Тито Петковски ја злоупотребува Комисијата поради барањето на НСДП за интерпелација на министерката Јанкулоска.
Петковски рече дека Јанкулоска, во последната информација од МВР доставена до Комисијата, признава дека биле применети посебни истражни мерки во случајот „Кампања“ против Љубе Бошкоски.
Заклучоците ги поддржаа членовите на комисијата Тања Томиќ од СДСМ и Орхан Ибраими од ДПА.
Министерката Гордана Јанкулоска се огласи со писмено соопштение. Таа вели дека очекува, Тито Петковски да си поднесе оставка, доколку се утврди дека постапувал надвор од ингеренциите.
„Убедена сум дека Собранието сериозно ќе ја разгледа Информацијата која денеска беше изгласана од страна на Тито Петковски, Тања Томиќ и Орхан Ибраими и ќе донесе соодветна одлука“, стои во писмената изјава од министерката.
Таа пишува дека доколку Собранието, како и Судот, одлучи дека посебните истражни мерки се применети согласно законот, а сите докази во рамки на операцијата „Кампања“ се валидни, очекува Петковски да се извини за спротивните тврдења.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак оцени дека собраниската Комисија што ја раководи Тито Петковски се повеќе наликува на партиска комисија на СДСМ и НСДП. Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Петковски е извршител на нарачките на Бранко Црвенковски и го нарушува угледот на Собранието.
„Петковски се уште во своите мисли функционира во претходниот систем кога тој како политичар можел истовремено да биде и пратеник и министер и судија и јавен обвинител и се во оваа држава“, изјави Димовски.
Пратеникот Јани Макрадули од СДСМ, пак, изјави дека за ваков однос кон Собранието, прв што требало да побара интерпелација за министерката Јанкулоска е претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски.
„После ланскиот физичкиот упад во собраниската зграда, Гордана Јанкуловска со своите неодговорни постапки прави политички упад врз парламентарната демократија. После убиството на Мартин Нешковски, секојдневните каубојски пресметки на партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ во полицијата, скандалозните јавни набавки, Гордана Јанкуловска самата требаше да си замине од функцијата. Ваквите панични и недемократски постапки на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ само потврдуваат дека МВР за нив е уште една филијала за остварување на партиски цели“, рече Макрадули.
Убедена сум дека Собранието сериозно ќе ја разгледа Информацијата која денеска беше изгласана од страна на Тито Петковски, Тања Томиќ и Орхан Ибраими и ќе донесе соодветна одлука.Гордана Јанкулоска, министерката за внатрешни работи.
Претходно, пратеникот Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата, со образложение дека претседателот на Комисијата, Тито Петковски ја злоупотребува Комисијата поради барањето на НСДП за интерпелација на министерката Јанкулоска.
Петковски рече дека Јанкулоска, во последната информација од МВР доставена до Комисијата, признава дека биле применети посебни истражни мерки во случајот „Кампања“ против Љубе Бошкоски.
Заклучоците ги поддржаа членовите на комисијата Тања Томиќ од СДСМ и Орхан Ибраими од ДПА.
Министерката Гордана Јанкулоска се огласи со писмено соопштение. Таа вели дека очекува, Тито Петковски да си поднесе оставка, доколку се утврди дека постапувал надвор од ингеренциите.
После ланскиот физичкиот упад во собраниската зграда, Гордана Јанкуловска со своите неодговорни постапки прави политички упад врз парламентарната демократија.Јани Макрадули, СДСМ.
„Убедена сум дека Собранието сериозно ќе ја разгледа Информацијата која денеска беше изгласана од страна на Тито Петковски, Тања Томиќ и Орхан Ибраими и ќе донесе соодветна одлука“, стои во писмената изјава од министерката.
Таа пишува дека доколку Собранието, како и Судот, одлучи дека посебните истражни мерки се применети согласно законот, а сите докази во рамки на операцијата „Кампања“ се валидни, очекува Петковски да се извини за спротивните тврдења.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак оцени дека собраниската Комисија што ја раководи Тито Петковски се повеќе наликува на партиска комисија на СДСМ и НСДП. Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Петковски е извршител на нарачките на Бранко Црвенковски и го нарушува угледот на Собранието.
Петковски се уште во своите мисли функционира во претходниот систем.Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ.