Во Белорусија пронајдени трите активистки на Фемен, кои тврдат дека од Минск ги киднапирале белоруски тајни агенти.
Белоруската полиција ги пронајде трите активистки од украинската организација за човекови права Фемен, кои биле киднапирани и терориризирани од припадници на безбедносните сили на Белорусија, откако протестираа во Минск против претседателот Александар Лукашенко. Од Фемен тврдат дека нивните членки биле одведени во шума и малтретирани.
Трите активистки на Фемен биле пронајдени во реонот на Јелск, околу 200 километри од главниот град Минск, каде што биле одведени во локалната болница на прегледи, а потоа и во полициска станица да дадат изјави. Активистките изјавија дека на 19-ти декември вечерта тие протестирале на автобуската станица во Минск кога 6 лица ги киднапирале и ги одвеле во шума. Лидерката на организацијата Фемен, Хана Хутсол, за Радио Слободна Европа изјави:
„Тие се живи, но не се во добра состојба. Многу се исплашени. Ги возеле во автомобил цела ноќ, ги одвеле во шума, ги полеале со бензин и им се заканувале дека ќе ги запалат, им се закнувале со ножеви, им ги сечеле косите, а се снимале и потоа ги оставиле во шумата.“
Алексеј Емелианенко, портпарол на украинската амбасада во Минск, изјави за Радио Слободна Европа дека се вложуваат напори тие да бидат вратени дома. Претходно, Киев го испрати својот конзул во Минск за да го испита случајот. Локалните жители, каде што беа пронајдени трите активистки, изјавија дека киднаперите ги принудувале илегално да ја минат границата и да си заминат во Украина. Официјален Минск тврди дека никој не бил уапсен и оти активистките доброволно го напуштиле градот.
Украинскиот активист за човекови права, Јевген Захаров, вели дека доколку тврдењата на Фемен бидат потврдени, одговорните мора да се најдат пред суд.
„Ако оваа информација е точна, што е тортура, тогаш Украина мора да бара казнување на сторителите. Според мене, ова не смее да остане без одговор.“
И од групата Фемен најавија дека ќе бараат протерување на белорускиот амбасадор од Киев, а ако не си замине, велат ќе го киднапираат, ќе го однесат во шума и ќе му ја избричат главата.
Групата Фемен, која тврди дека има стотици членови и илјадници подржувачи, е формирана во 2008-ма година за да протестира против дискриминацијата против жената. Но, нивните акивности се проширија и на протести против кршењето на човековите права не само во Украина, туку и во други земји. Активистките на Фемен, посебно добија на публицитет бидејки протестираат топлес. Деновиве, тие протестираа и во Москва против малверзациите на парламентарните избори во Русија.
Тие се живи, но не се во добра состојба. Многу се исплашени. Ги возеле во автомобил цела ноќ, ги одвеле во шума, ги полеале со бензин и им се заканувале дека ќе ги запалат, им се закнувале со ножеви, им ги сечеле косите, а се снимале и потоа ги оставиле во шумата.Хана Хутсол, Лидерката на Фемен.
Трите активистки на Фемен биле пронајдени во реонот на Јелск, околу 200 километри од главниот град Минск, каде што биле одведени во локалната болница на прегледи, а потоа и во полициска станица да дадат изјави. Активистките изјавија дека на 19-ти декември вечерта тие протестирале на автобуската станица во Минск кога 6 лица ги киднапирале и ги одвеле во шума. Лидерката на организацијата Фемен, Хана Хутсол, за Радио Слободна Европа изјави:
„Тие се живи, но не се во добра состојба. Многу се исплашени. Ги возеле во автомобил цела ноќ, ги одвеле во шума, ги полеале со бензин и им се заканувале дека ќе ги запалат, им се закнувале со ножеви, им ги сечеле косите, а се снимале и потоа ги оставиле во шумата.“
Ако оваа информација е точна, што е тортура, тогаш Украина мора да бара казнување на сторителите. Според мене, ова не смее да остане без одговор.Јевген Захаров, украински активист за човекови права.