Власта очекува потврда на евроатлантските аспирации, а опозицијата популизам на годишното обраќање на Претседателот во Парламентот.
Евроинтеграциите, спорот за името со соседна Грција и хашката пресуда, се очекува да бидат главните точки на коишто ќе се фокусира годинашното обраќање на претседателот Иванов пред пратениците во Собранието.
„Очекувам дека Претседателот на републиката и во ова годишно обраќање ќе се осврне на најзначајните приоритети коишто го обележаа политичкиот развој на Република Македонија изминатава година. Очекувам и афирмативна потврда дека Македонија останува посветена на европските и евроатлантските интеграции и на изнаоѓање решение на спорот за името“, изјави Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Посебно околу одлуките на Меѓународниот суд на правдата“, очекува Талат Џафери од ДУИ, дел од владејачката коалиција.
Лилјана Поповска од ДОМ којашто се декларира како зелена партија би била среќна кога во годинашниот говор би се нашло место и за аерозагадувањето кое бележи алармантана состојба.
„Дали како прв човек на државата ќе му значи нешто животната средина, тоа ме интересира.“
Од опозицискиот СДСМ не очекуваат ништо повеќе од популизам за внатрешна употреба.
„Сметаме дека ќе се обиде со популизам насочен за внатрешна употреба да ја искористи пресудата во Хаг, но повторувам, не очекуваме конкретни политики коишто ќе ги оправдаат уставните надлежности на функцијата која ја обавува посебно во делот на надворешната политика, за деблокирање на евроатлантските интеграции на Република Македонија“, изјави Емилијан Станковиќ од СДСМ.
Освен приоритетите на меѓународен план, претседателот ќе се осврне и на економската состојба, меѓуетничките односи, и политичката сосотојба во земјата, се што е во рамките на неговите надлежности и секако ќе даде отчет за сработеното, велат од кабинетот на претседателот.
Во минатогодинишното обраќање, претседателот Иванов ја нагласи цврстата определба на државата за влез во НАТО и во ЕУ, се заложи за интензивирање на грчко-македонскиот дијалог и за македонските црвени линии да се изнајде решение коешто не задира во македонскиот идентитет, јазикот и Уставот. Се осврна и на меѓуетничките релации и повика на премостување на поделбите.
Очекувам и афирмативна потврда дека Македонија останува посветена на европските и евроатлантските интеграции и на изнаоѓање решение на спорот за името.Александар Спасеновски, ВМРО-ДПМНЕ.
„Очекувам дека Претседателот на републиката и во ова годишно обраќање ќе се осврне на најзначајните приоритети коишто го обележаа политичкиот развој на Република Македонија изминатава година. Очекувам и афирмативна потврда дека Македонија останува посветена на европските и евроатлантските интеграции и на изнаоѓање решение на спорот за името“, изјави Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Посебно околу одлуките на Меѓународниот суд на правдата“, очекува Талат Џафери од ДУИ, дел од владејачката коалиција.
Лилјана Поповска од ДОМ којашто се декларира како зелена партија би била среќна кога во годинашниот говор би се нашло место и за аерозагадувањето кое бележи алармантана состојба.
Сметаме дека ќе се обиде со популизам насочен за внатрешна употреба да ја искористи пресудата во Хаг, но повторувам, не очекуваме конкретни политики коишто ќе ги оправдаат уставните надлежности на функцијата која ја обавува посебно во делот на надворешната политика.Емилијан Станковиќ, СДСМ.