Акцијата „Бришач“ збриша 17 полицајци

Илустрација

Приведени се 57 луѓе, од кои 17 полицајци во операцијата „Бришач“. Осомничени се дека лажирале сообраќајки за да извлечат пари од осигурителните компании.
Првата фаза од операцијата на Министерството за внатрешни работи именувана „Бришач“ заврши со приведување на 57 лица против кои ќе бидат поднесени кривични пријави. Осомничените се товарат за лажирање на сообраќајни несреќи со цел да повлечат пари од осигурителните компании.
Еден од учесниците во таква сообраќајна незгода, заради наводни настанати повреди зел со себе лице кои имало претходно настанати физички повреди и го одвел во хируршка клиника од каде што на лицете му бил извршен преглед на име на учесникот во наместената сообраќајна незгода.
Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи.

Според првичните проценки на Министерството, инволвираните во измамите, меѓу кои имало и припадници на полицијата, ги оштетиле осигурителните компании за 2 милиони денари.

Министерката за внатрепшни работи Гордана Јанкулоска вели дека осомничените наводно поднесувале лажни записници за увид во сообраќајна несреќа од местото на настанот до осигурителните компании, од каде повлекувале пари за надомест на штети:

„Службените лица, иако требало и можеле при вршењето на сите параметри на лице место, скицата и фотографиите да констатираат

Гордана Јанкулоска

дека не постојат реални траги од случена сообраќајна незгода со наведените оштетувања на возилата, тие тоа не го констатирале во записникот со извршен увид на местото на настанот. Наместо тоа, истите при завршување на увидот констатирале наводни состојби од незгодата, и како таков записникот рачно го потпишувале.“

Истрагата покренала и сомненија дека инволвираните лажирале и извештаи за повреди во сообраќајна несреќа:

„Еден од учесниците во таква сообраќајна незгода, заради наводни настанати повреди зел со себе лице кои имало претходно настанати физички повреди и го одвел во хируршка клиника од каде што на лицете му бил извршен преглед на име на учесникот во наместената сообраќајна незгода. При што тој прибавил и медицинска документација во која се евидентирани тешки телесни повреди“, вели Јанкулоска.

Првите сомненија за измамите се јавиле во 2007 година. Јанкулоска вели дека потребно било време да се соберат докази.

„Динамиката на реализација на случајот е таква. Значи ние првата информација за случајот сме ја добиле во 2007, меѓутоа тоа не значи дека ние веднаш сме обезбедиле докази. Тоа за нас е еден индикатор повнимателно да ја следиме состојбата и да настојуваме да обезбедиме докази, што впрочем и се случи во овој меѓупериод.“

Станува збор за прва фаза од операцијата со која се евидентирани 13 случаи на злоупотреби на подрачјето на Скопје. МВР најави дека ќе продолжи со истрагата. Меѓу оние кои кривично ќе се гонат се и 17 полициски службеници.