Деновиве ќе биде промовиран двојниот албум Македонското срце чука во 7/8 на Гаро и браќата Тавитјан.
Легендарниот тапанар и некогашен член на ЛЕБ И СОЛ и БИЈЕЛО ДУГМЕ – Гарабет Тавитајн и неговите синови Дирјан и Гаро Јуниор, со скорешното објавување на двојниот албум Македонското срце чука во 7/8 ја продолжуваат сопствената сторија околу промовирањето и афирмирањето на бисерите од нашата традиционална музика на поширокиот регионален простор.
На ова издание што оригинално ќе ја носи етикетата на нивната Прамециум продукција, покрај материјалот од првиот албум со истоимен наслов од каде бележити останаа интерпретациите на Јосипа Лисац, Масимо, Аки Рахимовски и Хари Варешановиќ, ќе се најдат и изведбите снимани на сесиите за неговото продолжение каде како пејачи овојпат се јавуваат Оливер Драгоевиќ, Калиопи, Жељко Јоксимовиќ, Ристо Самарџиев, Каролина, Влатко Лозановски, Нина Бадриќ и други.
„Со овој втор дел мислам дека се комплетира комплетната приказна. Мислам дека првиот дел се повеќе оние легендарни пејачи кои ја одбележаа Југославија и Балканот во изминатите години, а сега ги земавме поактуелните и помладите генерации на пејачи, при што направивиме една компилација со две ЦД-а со најубавите македонски песни кои ги изведуваат пејачи од сите генарации на Балканот“, истакнува клавијатуристот и аранжер Дирјан Тавитјан.
Тој дополнува дека за ваквата солуција се решиле по сознанието дека токму оваа објава, покрај изданијата на Тоше Проевски, е најпродаваниот дискографски продукт отпеан на македонски јазик на Балканот и дека мнозина и не успеале да го набават првиот дел на Македонското срце чука во 7/8 , па така сега по цена за еден носач на звук ќе ја имаат комплетната понуда. На тој начин, како што вели Дирјан, тие ја заокружуваат и оваа своја културна мисија.
„Овој проект преставува своевиден амбасадор на македонската култура бидејќи дирекно го пласира македонскиот јазик во изворна форма надвор од границите на Македонија. Тоа беше и нашата идеја, да ја пласираме македонската култура вон границите и со самото тоа што сите тие артисти со најголема чест и задоволство ги испеаа сите овие песни покажува колку респект имаат спрема нашата држава Македонија, дефинитивно.“
Разбирливо, по публикувањето на носачите на звук од страна на Кроација рекорд и белградски Сити рекордс, ќе следува и серија на концертни настапи со сите 20-на пејачи, гости на овој успешен проект на Гаро и браќата Тавитјан.
„Ќе направиме уште три-четири изданија од новиот проект, а потоа ќе стартуваме со кампањата за еден голем концерт во Скопје значи со сите изведувачи од првиот и од вториот дел. Тоа е планот да се направи еден своевиден празник на денот на концертот, а потоа планираме да направиме уште еден концерт во Сава центар за кој веќе има понуда од Белград и најверојатно ќе има уште еден концерт во Хрватска во Лисински салата.“
Првиот дел се повеќе оние легендарни пејачи кои ја одбележаа Југославија и Балканот во изминатите години, а сега ги земавме поактуелните и помладите генерации на пејачи, при што направивиме една компилација со две ЦД-а со најубавите македонски песни кои ги изведуваат пејачи од сите генарации на Балканот.Дирјан Тавитјан, клавијатурист и аранжер.
На ова издание што оригинално ќе ја носи етикетата на нивната Прамециум продукција, покрај материјалот од првиот албум со истоимен наслов од каде бележити останаа интерпретациите на Јосипа Лисац, Масимо, Аки Рахимовски и Хари Варешановиќ, ќе се најдат и изведбите снимани на сесиите за неговото продолжение каде како пејачи овојпат се јавуваат Оливер Драгоевиќ, Калиопи, Жељко Јоксимовиќ, Ристо Самарџиев, Каролина, Влатко Лозановски, Нина Бадриќ и други.
„Со овој втор дел мислам дека се комплетира комплетната приказна. Мислам дека првиот дел се повеќе оние легендарни пејачи кои ја одбележаа Југославија и Балканот во изминатите години, а сега ги земавме поактуелните и помладите генерации на пејачи, при што направивиме една компилација со две ЦД-а со најубавите македонски песни кои ги изведуваат пејачи од сите генарации на Балканот“, истакнува клавијатуристот и аранжер Дирјан Тавитјан.
Овој проект преставува своевиден амбасадор на македонската култура бидејќи дирекно го пласира македонскиот јазик во изворна форма надвор од границите на Македонија.Дирјан Тавитјан, клавијатурист и аранжер.