Невладините организации немаат значајно влијание врз креирањето на локалните политики. Проектот „Граѓански дијалог на локално ниво“ има цел да се воспостави поорганизирана соработка меѓу граѓанските организации и општините.
И покрај тоа што се бројни граѓанските организации на локално ниво, сепак тие досега немаат некое значајно влијание врз креирањето на локалните политики во општина Дебар. Оваа оценка ја изнесуваат претставниците на здруженијата кои делуваат во Дебар. Поради тоа што состојбата е слична и во повеќе други општини во државата, Македонскиот центар за меѓународна соработка со подршка на ЕУ го спроведува пилот Проектот „Граѓански дијалог на локално ниво“ во три општини од нашава земја меѓу кои е и општина Дебар.
„Целта на овој проект е да се воспостави поорганизирана соработка меѓу граѓанските организации и општините, односно поголема вклученост на граѓанските организации во креирањето на политиките на локално ниво. Македонија има национална стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор, но ние сметаме дека истата треба да се локализира, односно позитивното искуство да се пренесе во неколку општини во Македонија. Со оглед дека ова е едногодишен проект, избрани се три општини - Дебар, Битола и Јегуновце и во нив се разговара за потребата од структурирање на институционални механизми за соработка, а ќе се подготви и стратегиски документ“, истакнува Емина Нурединовска, раководител на проектот на МЦМС.
Таа додава дека на локално ниво ќе се донесе и Стратегија со која ќе се спроведува соработката на граѓанскиот сектор со локалната власт.
Граѓанските организации во Дебар оценуваат дека овој проект ќе овозможи да се надминат проблемите на повеќе здруженија на граѓани во соработка со општината, особено по укинувањето на донациите на странските фондации. Тие сметаат дека единиците на локалната самоуправа можат да поддржат повеќе нивни проекти. Шуип Марку од граѓанскиот сектор во Дебар очекува поголема соработка на граѓанските организации и локалната власт.
„Уверен сум дека со воспоставувањето на нова стратегија за соработка меѓу локалната власт и граѓанските организации, ќе се овозможи ред во работата на граѓанските организации, врз реализирањето на проектите и ќе има механизми со кои ќе се соработува со општините особено сега кога се укинуваат проектите од странските донатори. Со општините во овој момент ќе можеме и да учествуваме во фондовите на ЕУ“, вели Марку.
Во подотовката на документот, локалната стратегија за граѓански дијалог на локално ниво се вклучени претставници на локалната власт и невладините организации.
Целта на овој проект е да се воспостави поорганизирана соработка меѓу граѓанските организации и општините, односно поголема вклученост на граѓанските организации во креирањето на политиките на локално ниво.Емина Нурединовска, раководител на проектот на МЦМС.