Самостојна изложба на скулпторот Славчо Спировски ќе биде отворена вечерва, во 20 часот, во Националната галерија – Мултимедијален центар Мала станица во Скопје. На поставката што ликовната публика ќе може да ја проследи до 20 декември, уметникот продолжува да го истражува односот помеѓу просторот и скулптурата како нераздвојни ентитети.
Во Пре/пакет/ирање Vx / V1 - (...) станува збор за концептуални скулптури изведени со примена на математичка анализа на уметноста и правила и процеси на генерирање и трансформирање на визуелните и концептуалните структури, кои во крајна линија имаат скриен општествен контекст, односно реферираат на модел и процес преку кој рационално се изразени одделни аспекти на потрошувачкото општество, односот илузии-реалност, па дури и визуелна алегорија на деконструкција на појавноста.
Ова меѓу другото ќе го забележи ликовната критичарка Маја Чанкуловска Михајловска во текстот од каталогот за третата самостојна изложба на скулпторот Славчо Спировски поместена во Националната галерија - Мултимедијален центар Мала станица во Скопје.
Уметникот, говорејќи за својата актуелна поставка, знае да каже дека всушност станува збор за работа со зададена форма.
„Јас ги земав предвид картонските кутии и различните форми и облици коишто ги имаат тие. Па со обид на препакетирање односно препакување да најдам некојa нова форма, да побарам скулптуралност во истите.“
Славчо Спировски дипломираше на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во класата на професор Станко Павлески. Учесник е на повеќе групни изложби, а се претставил и со неколку мултимедијални проекти од кои посебно за издвојување е Соработката помеѓу уметностите работен заедно со маестро Симон Трпчевски. Пре/пакет/ирање Vx / V1 - (...) е негова трета самостојна поставка, по Пирамидите во x=o поставена во Младиснкиот културен центар и Пресек за скулптурата над одржана во 2010 година во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам.
За него ќе биде забележано дека тој трудољубиво и систематски го следи сопствениот ракопис во уметноста, а Спировски во однос на континуитетот на своите дела милува да забележи.
„Може да се каже дека соодвествува на некој пат, значи на некој процес на размислување и можам да кажам дека ми е многу важно да го согледам просторот каде што треба да се изложи и да го искористам во своето дело, можеби, малку концептулано размислување во однос на современата скулптура да кажеме.“
По премиерното претставување на оваа поставка во Македонија, скулпторот ќе и се претстави и на ликовната публика во Германија. Имено, во февруари наредната година Спировски ќе изложува во Прима центар во Берлин.
„Транспортот ќе биде малку проблематичен во однос на ова изложба, така да можеби да најдам некој друг концепт за реализација таму.“
Јас ги земав предвид картонските кутии и различните форми и облици коишто ги имаат тие. Па со обид на препакетирање односно препакување да најдам некојa нова форма, да побарам скулптуралност во истите.Славчо Спировски, скулптор.
Ова меѓу другото ќе го забележи ликовната критичарка Маја Чанкуловска Михајловска во текстот од каталогот за третата самостојна изложба на скулпторот Славчо Спировски поместена во Националната галерија - Мултимедијален центар Мала станица во Скопје.
Уметникот, говорејќи за својата актуелна поставка, знае да каже дека всушност станува збор за работа со зададена форма.
„Јас ги земав предвид картонските кутии и различните форми и облици коишто ги имаат тие. Па со обид на препакетирање односно препакување да најдам некојa нова форма, да побарам скулптуралност во истите.“
Многу ми е важно да го согледам просторот каде што треба да се изложи и да го искористам во своето дело.Славчо Спировски, скулптор.