Нема никакви информации од власта, што ќе преземе за спас на охридски ЕМО, откако истече рокот во кој владата вети дека ќе ги соопшти мерките за спас.
По изминување на рокот во кој владата вети дека ќе ги соопшти мерките за спас на ЕМО, откако овој охридски загубар го посети вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, се уште нема никаква информација во јавноста за планот со кој власта како што се произнесе ќе ја спасува компанијата од пропаст.
Одговор не добивме од владиниот портпарол, а недостапно за коментар остана и раководството на ЕМО, чиј телефон во дирекцијата е исклучен, што е уште еден показател за лошата состојба во која со години е западнат некогашниот стопански гигант.
Планот со кој владата предвидуваше намалување на бројот на вработените од сегашните 1.500 на 500 и продажба на дел од имотот на ЕМО, од кој поголемиот дел е под хипотека, според синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството е неостварлив, иако тоа им даде искра надеж на апатичните ЕМО-вци, од кои најголемиот дел не одат на работа и немаат примено меѓу 10 и 60 плати.
„Работа скоро и да нема во ЕМО. И она што малку се работи, изгледа како занаетчиска работилница со некоја ситна порачка во неколку ДООЕЛ-и, за чија изработка се викаат работниците кои се на принуден одмор со 70 отсто од платата, што патем не се исплаќа. Уште полошо е и за мене енигма, како се реализира наплатата на тие мали работи, исто каде одат тие средства, што треба да се провери од надлежните институции, затоа што сите жиро сметки, на во моментов 44 ДООЕЛ-и, а изгледа ќе се формира и 45-ти за да има активен ДООЕЛ, сите се блокирани и буквално ЕМО е парализиран“, вели Драган Молкоски, претседател на синдикатот СИЕР во ЕМО.
Според него, од владата како доминантен сопственик на компанијата со 63 проценти од акционерскиот капитал, преку пакетот од 7 милиони евра, што е недоволен, вработените очекуваат исплата на заостанатите плати и обврски кон нив, кои се движат до 2.300 евра по работник. Молкоски потенцира дека ЕМО-вци како загрозена категорија граѓани без пари и без осигурување, за кои иднина во компанијата нема, стравуваат и од измените на Законот за работни односи што се однесуваат на технолошкиот вишок, што според синдикатот ќе бидат на штета на работниците.
„Вработените кои имаа можност да си заминат како технолошки вишок со 57 или 59 години, на пет години до пензионирање, сега се мислат како да заминат без никаков социјален пакет. Опасноста демне дека ќе ги затекне новиот закон да не можат да ги користат петте години, затоа што законот интензивно се форсира да се донесе и со тоа ќе се сведе на 18 месеци пред одење во пензија, што за нас е погубен, како еден од четирите загубари, каде имаме доста вработени во поодминати години, кои од законот ќе бидат најпогодени. Ние како синдикат во СИЕР, на ниво на Република донесовме одлука да се спротивставиме на тоа со сите сили и бараме итна средба со премиерот, за вклучување во надминување на овие проблеми. Доколку не дојде до состанок во најскоро време, ќе се подготвуваме за протести“, вели Молкоски.
Тој признава дека ЕМО што постои 4 децении и со некогашните над 3.000 вработени беше лидер во електро-енергетската гранка во регионов, е толериран од власта, и често е предмет на политичко-партиски интереси. И додека во компанијата со години не е склучен капитален договор, кадрите на ЕМО преку приватни фирми градат далекуводи во Албанија, тешки милиони евра.
Работа скоро и да нема во ЕМО. И она што малку се работи, изгледа како занаетчиска работилница со некоја ситна порачка во неколку ДООЕЛ-и, за чија изработка се викаат работниците кои се на принуден одмор со 70 отсто од платата, што патем не се исплаќа.Драган Молкоски, претседател на синдикатот во ЕМО.