Со учество на најдобрите млади македонски репродуктивни уметници, од 2 до 9 декември, во Музеј на град Скопје, ќе се одржи петтото издание на фестивалот Златна лира.
Владимир Костов – виолина, Александар Костевски – виолончело и Марија Ѓошевска - пијано или трио В. А. М, со дела од Менделсон и Шосон, ќе музицираат на свеченото отворање. Потем, следуваат концертите на дуото Марија Евгенија Попова од Бугарија и Димитар Пенков од Германија, нашите Нинослав Димов и Рита Трпчева Поповиќ, пијанистките Татјана Божиновска и Билјана Димовска и конечно серијата настапи ќе биде крунисана со Томе Атанасов и Катерина Гелебешева Костадиновска.
Сите перформанси ќе се случуваат во Музеј на град Скопје, а и зад ова, петто по ред издание на фестивалот Златна лира, како организатор стои Сојузот на музичките уметници на Македонија со минимална помош од Министерството за култура.
Љубиша Кировски, претседателот на оваа асоцијација, вели дека идејата на Златна лира да настапат најдобрите и дека притоа се води сметка акцентот да биде ставен на оние кои допрва доаѓаат и силно ги промовираат и афирмираат домашното творештво и нашите културни вредности. Притоа тој дополнува дека таквите настојби и ја одвојуваат оваа манифестација од останатите во земјава.
„Денес постои една голема недоверба кон самите себе, некако постои потценување на македонските уметници тоа може да се види и од програмата на македонската филхармонија, концертите на Охридско лето, најмалку се застапени македонските уметници и затоа беше оваа наша идеја да создадеме фестивал каде што ќе учестуваат македонски уметници.“
Васил Атанасов, инаку член на Советот на Сојузот на музичките уметници, од своја страна, објаснува дека главната причина за таквата состојба нашите уметници да бидат подобро третирани во странство отколку дома е што на раководните места во некои од културните установи се наоѓаат погрешни луѓе.
„Делумно во културните институции имаме и погрешни луѓе на врвни места и оттука таквиот однос.“
Наспроти сево ова, во Сојузот на музичките уметници се убедени дека нивната истрајност ќе вроди со плод и со надеж за поголема стимулација на манифестацијата за следната година најавуваат конкурс за дела од македонски автори кои потем ќе бидат изведени на Златна лира.
„Несакаме да фаворизираме нешто што е неразбирливо за луѓето туку сакаме да пишуваат за нашата музика која што ќе може да се слуша насекаде во светот“, дополнува Кировски.
Инаку, со идеја за што поголема масовност влезот на сите концерти на фестивалот е слободен, а по 24 декември – денот на Сојузот на музичките уметници ќе биде доделена и наградата Златна лира за остварувања во текот на изминатата календарска година.
Денес постои една голема недоверба кон самите себе, некако постои потценување на македонските уметници тоа може да се види и од програмата на македонската филхармонија, концертите на Охридско лето, најмалку се застапени македонските уметници.Љубиша Кировски, Сојузот на музичките уметници.
Сите перформанси ќе се случуваат во Музеј на град Скопје, а и зад ова, петто по ред издание на фестивалот Златна лира, како организатор стои Сојузот на музичките уметници на Македонија со минимална помош од Министерството за култура.
Љубиша Кировски, претседателот на оваа асоцијација, вели дека идејата на Златна лира да настапат најдобрите и дека притоа се води сметка акцентот да биде ставен на оние кои допрва доаѓаат и силно ги промовираат и афирмираат домашното творештво и нашите културни вредности. Притоа тој дополнува дека таквите настојби и ја одвојуваат оваа манифестација од останатите во земјава.
„Денес постои една голема недоверба кон самите себе, некако постои потценување на македонските уметници тоа може да се види и од програмата на македонската филхармонија, концертите на Охридско лето, најмалку се застапени македонските уметници и затоа беше оваа наша идеја да создадеме фестивал каде што ќе учестуваат македонски уметници.“
Васил Атанасов, инаку член на Советот на Сојузот на музичките уметници, од своја страна, објаснува дека главната причина за таквата состојба нашите уметници да бидат подобро третирани во странство отколку дома е што на раководните места во некои од културните установи се наоѓаат погрешни луѓе.
Делумно во културните институции имаме и погрешни луѓе на врвни места и оттука таквиот однос.Васил Атанасов, член на Советот на Сојузот на музичките уметници.