Седум години затвор за лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, пресуди кривичниот суд во Скопје.
Љубе Бошкоски доби две години затвор за злоупотреба на службената положба и уште 6 години за нелегално финансирање на изборната кампања на партијата на годинешните предвремени парламентарни избори или единствена казна од 7 години затвор.
Пред читањето на пресудата, брат Љубе во судницата ги дочекуваше своите роднини, ги отпоздравуваше со рака, љубопитно гледаше уште кој ќе влезе низ вратата. Неговите роднини велеа дека од судницата нема да си излезат без него. На што Бошкоски одговори „што и да биде, тоа е!“
За време на читањето на пресудата, сопругата на Бошкоски не го испочитува судот и не стоеше, како што беше побарано. Откако судијката ја прочита пресудата беше вербално нападната од сопругата и од сестрата на Бошкоски.
„Тој ја бранеше државата, децата ви ги бранеше, да убиеше 10 луѓе, немаше да добие толкава казна“, викаа неговите роднини.
Плачеа, ги колнеа и судиите и власта и Македонија.
За сопругата на Љубе, Виолета Бошкоска, пресудата воопшто не била изненадување. Во медиумите се шпекулираше за казна од 5 до 8 години, па ова го очекувавме, рече Бошкоска. Таа не е оптимист и за пресудите од повисоките судови.
„Очекуваме дека и Апелација е под притисок на власта и дека таму исто така ќе ја потврдат казната. Но очекуваме дека надвор од Македонија ќе ја добиеме правдата. А, во тоа сум убедена бидејќи целата постапка, и вие медиумите следевте, дека тоа не личи на ништо.“
Бошкоски останува во притвор, изјави неговиот адвокат Константин Кратовалиев.
„Мерката притвор ја продолжија по основ на поседување на хрватски пасош и според мислење на судот поради можноста да ја напушти земјата.“
Адвокатите на Бошкоски исто така се незадоволни од пресудата.
„Драстична казна со продолжување на притвор. За одбраната на обвинетиот Љубе Бошкоски, оваа пресуда е незаконска, со кршење на сите права и слободи загарантирани со Уставот на Република Македонија, со законите на Република Македонија, така и со повреда на европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи“, рече адвокатот Владимир Ракочевиќ.
Адвокатскиот тим најави жалба на оваа пресуда до повисокиот суд.
Поддржувачите на Бошкоски, неколку десетици на број, цело време стоеја пред судот, на само неколку од нив им беше дозволено да влезат во судот, да ја чујат пресудата.
Љубе Бошкоски беше приведен ден по изборите, на 6 јуни, со филмско апсење пред една позната кафеана. Судскиот процес против него, наречен „Кампања“, Бошкоски го окарактеризира како политички мотивирани и монтиран.
Тој за цело време на процесот молчеше, за на крај од судењето да рече: „Брат Љубе ќе се врати“.
Претходно, Бошкоски помина повеќе од три години во притвор во затворот во Шевенинген, но Хашкиот трубунал во 2008 донесе ослободителна пресуда.
СДСМ - Изживување врз политичките неистомисленици
По објавувањето на пресудата реагираше опозицискиот СДСМ, според кој ова е изживување врз политичките неистомисленици.
„Ова ги надминува и најцрните диктаторски режими во светската историја. Македонија со Груевски е единствената држава во Европа каде постојат политички затвореници“, изјави потпретседателката на СДСМ Ана Павловска Данева.
Според неа, одлуката на Судот прво беше објавена во медиумите, а потоа соопштена во судницата.

Тој ја бранеше државата, децата ви ги бранеше, да убиеше 10 луѓе, немаше да добие толкава казна.роднини на Љубе Бошкоски.
За време на читањето на пресудата, сопругата на Бошкоски не го испочитува судот и не стоеше, како што беше побарано. Откако судијката ја прочита пресудата беше вербално нападната од сопругата и од сестрата на Бошкоски.
„Тој ја бранеше државата, децата ви ги бранеше, да убиеше 10 луѓе, немаше да добие толкава казна“, викаа неговите роднини.
Плачеа, ги колнеа и судиите и власта и Македонија.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
За сопругата на Љубе, Виолета Бошкоска, пресудата воопшто не била изненадување. Во медиумите се шпекулираше за казна од 5 до 8 години, па ова го очекувавме, рече Бошкоска. Таа не е оптимист и за пресудите од повисоките судови.
Очекуваме дека и Апелација е под притисок на власта и дека таму исто така ќе ја потврдат казната. Но очекуваме дека надвор од Македонија ќе ја добиеме правдата. А, во тоа сум убедена бидејќи целата постапка, и вие медиумите следевте, дека тоа не личи на ништо.Виолета Бошкоска, сопруга на осудениот Љубе Бошкоски.
„Очекуваме дека и Апелација е под притисок на власта и дека таму исто така ќе ја потврдат казната. Но очекуваме дека надвор од Македонија ќе ја добиеме правдата. А, во тоа сум убедена бидејќи целата постапка, и вие медиумите следевте, дека тоа не личи на ништо.“
Бошкоски останува во притвор, изјави неговиот адвокат Константин Кратовалиев.
„Мерката притвор ја продолжија по основ на поседување на хрватски пасош и според мислење на судот поради можноста да ја напушти земјата.“
Адвокатите на Бошкоски исто така се незадоволни од пресудата.
„Драстична казна со продолжување на притвор. За одбраната на обвинетиот Љубе Бошкоски, оваа пресуда е незаконска, со кршење на сите права и слободи загарантирани со Уставот на Република Македонија, со законите на Република Македонија, така и со повреда на европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи“, рече адвокатот Владимир Ракочевиќ.
Ова ги надминува и најцрните диктаторски режими во светската историја. Македонија со Груевски е единствената држава во Европа каде постојат политички затвореници.Ана Павловска Данева, потпретседателката на СДСМ.