Достапни линкови

Комисиска расправа за случајот Бошкоски


Собраниската комисијата чија главна тема е дали МВР го прислушкувала Љубе Бошкоски денеска заседаваше зад затворени врати.

Седницата на Комисијата за надзор на спроведувањето на мерките за следење на комуникациите се одржа без присуство на јавноста. Претседателот на Комисијата, Тито Петковски, појасни дека материјалот добиен од МВР е назначен како строго доверлив и затоа комисијата согласно законот не може да работи во присуство на јавноста. Сепак тој изрази изненаденост зошто материјалот има назнака строго доверлив кога истиот и е познат на јавноста.

Документот беше доставен уште минатата седница и се однесува на случајот со лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Петковски меѓудругото денеска соопшти
дека сите членови на комисијата имаат добиено безбедносни сертификати со што непречено ќе можат да работат по точките на дневниот ред.

Петковски информираше дека на седницата била поканета и министерката Гордана Јанкулоска, односно претставник од МВР, но комисијата нема информации зошто не е дојден никој од оваа институција од каде, според комисијата, треба да помогнат во давањето објаснување на одговорот од МВР.

На последната седница на комисијата пред 10 дена беше доставена информација од МВР за која денеска се расправа. Во неа, според неофицијалните информации, стои дека не се преземени посебни истражни мерки за Бошкоски. Тогаш седницата беше одложена бидејќи претставниците на ДУИ и ДПА се уште ги немаа добиено безбедносните сертификати.

Инаку, како што е познато, првата работа со која се зафати комисијата е да покрене прашања околу судењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски за тоа дали е се во ред од аспект на законот. Тито Петковски, кој ја води комисијата, го покрена прашањето околу следењето на Бошкоски со оглед на тоа што од МВР, како што јавно кажаа дека го следеле Бошкоски повеќе од два месеци и дошле до информација дека добил пари од заштитен сведок.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG