Агенцијата „Мудис“ предупреди дека кредитниот рејтинг на целата Европска унија е под закана на сегашната финансиска криза. Во специјалниот извештај се оценува дека немањето мерки за стабилизација на пазарните услови значи дека кредитниот ризик ќе расте и натаму. Во меѓувреме, делегација на Унија е во Вашингтон на состанок со претседателот Барак Обама на кој главна тема е европската должничка криза.
Агенцијата „Мудис“ забележува дека политичката несигурност во Грција и Италија и влошувањето на економската состојба во евро зоната носат опасност од, како што се наведува, уште понегативни сценарија.
Тоа особено откако должничката криза доби алармантни знаци на ширење во самото срце на еврозоната. Имено, Германија во минатата недела не успеа на берзите да ја продаде целата транша на новиот долг со што банките беа принудени да интервенираат.
Германија понуди 6 милијарди евра во 10-годишни обврзници, но на пазарот успеа да привлече гаранции само за 3,7 милијарди евра. Бундес банката беше принудена да го задржи преостантиот дел од долгот што за некои економски експерти претставува целосна катастрофа.
Од германската финансиска агенција соопштија дека неуспехот да се продаде целата сума е реакција на нервозниот пазар, но додаваат дека резултатот не значи и рефинансирање на буџетот.
До ова дојде откако претходно, германската канцеларка Ангела Меркел во врска со некои предлози за решавање на кризата изјави.
„Ако политичарите мислат дека Европската централна банка може да ја реши кризата со еврото, тогаш тие грешат. Затоа мојата главна точка е политичката акција.“
Како и да е, ова ги алармира пазарите и го погоди еврото, бидејќи на Германија, низ целата досегашна криза, се гледаше како на безбедна зона за инвеститорите. Дел од аналитичарите сметаат дека тие сега ќе почнат да избираат други земји за префрлање на нивните пари.
„Тоа е силен сигнал за она што пазарот го мисли за германскиот долг. Сега поатрактивни стануваат шведските и норвешките обврзници“, вели економистот Дејвид Теболт.
Како на можен спас на еврото се гледа во издавање еврообврзници кои, според претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, ќе придонесат за економско заздравување:
„Без зголемена интеграција, спојување и дисциплина не ќе бидеме во можност да ја задржиме заедничката валута. И тој момент на вистината доаѓа. Дали земјите членки ќе прифатат комплетна монетарна унија и зголемена интеграција или не“, изјави Баросо.
Агенцијата „Мудис“, за прв пат под прашалник го става кредитниот рејтинг на целата Европската унија.
Претходно, намалување на рејтингот претрпеа Грција, Португалија и Ирска која, пак, најави дека ќе побара од европските партнери да се согласат да и го намалат долгот.
„Како земја имаме на товар несразмерно поголем дел во заштитата на европскиот банкарски систем и затоа бараме олеснување на долгот“, изјави деновиве ирскиот министер за финансии Мајкл Нунан.
Во меѓувреме, делегација на Унија е во Вашингтон на состанок со американскиот претседател Барак Обама на кој главна тема е европската должничка криза. Американската администрација ја критикуваше Унијата за бавниот одговор на кризата. Брисел ги отфрли критиките, наведувајќи дека и Соединетите Држави исто така имаат финансиски проблеми.

Тоа е силен сигнал за она што пазарот го мисли за германскиот долг. Сега поатрактивни стануваат шведските и норвешките обврзници.