Поделбите во Европската унија меѓу Запад и Исток се заменети со нови меѓу Север и Југ. Големиот јаз меѓу постарите членки на Унијата и новите, односно поранешните комунистички држави, во изминативе години почна да се намалува. Но, во истовреме нов раскол се отвори меѓу фискално стабилниот Север и кризниот Југ.
Не толку одамна на десетте најнови членки на Европската унија од Исток се гледаше како на сиромашни роднини кои каскаат зад нивните богати и политички поразвиени соседи на Запад. Но, многу се смени откако поранешните комунистички држави влегоа во блокот. Како што повеќето од тие земји стануваа се побогати, со реформирани економии и јавни приходи, така се поефикасно се интегрираа во Унијата. Старата поделба сега е заменета со нова, меѓу Север и Југ. Аналитичарите велат дека источните земји сега ги жнеат придобивките од болните структурни реформи и буџетска дисциплина на кои беа принудени со цел да влезат во Европската унија. За тоа време, земјите членки како Грција и Италија останаа заглавени во расипништвото на една заборавена ера.
„Новите членки се многу поподготвени да ги менуваат работите за да можат да излезат од кризата која е посилна од онаа што ја имаа порано“, вели Фабијан Цулег од Центарот за европска политика во Брисел.
Имено, додека владиниот долг во вториот квартал од годинава во Грција беше астрономски односно 150 насто од БДП, во Полска тој изнесуваше само 50 насто. Многу земји како Естонија и Словачка очекуваат и економски пораст, за разлика од Португалија и Грција кои се мачат со стагнација.
„Не постои никаков таен рецепт. Станува збор за чисто економска смисла. Треба да ја следите“, вели Андрес Кунингас, естонски финансиски претставник во Брисел.
Тој додава дека за разлика од Грција и Португалија кои тешко прифаќаат строги мерки за штедење, повеќето источноевропски земји направија чистка во јавниот сектор, го реформираа пензискиот систем и го вклучија приватниот сектор во здравството.
„Ако се присетиме на дебатата што се случи во почетокот на економската и финансиска криза во есента 2008 година, тогаш многу прсти беа вперени на Централна и Источна Европа. Денешните економски податоци од таму покажуваат дека, благодарение на нивните реформи тие стојат на цврста основа и се примери за тоа како може да се спроведат реформи кога е потребно“, вели шведскиот амбасадор во Европската унија Даг Хартелиус.
Тој додава дека нивниот глас треба да се почитува многу повеќе отколку што беше досега.