Декриминализацијата на клеветата и навредата ќе придонесе тужбите против новинарите повеќе да не бидат инструмент за контрола на нивната работа, велат од ЗНМ.
Се погласни во последно време се повиците за декриминализација на клеветата и навредата, која стана појдовна точка за решавање на проблемите со медиумите во земјава. Најпрвин гласот го кренаа медиумските здруженија, а притоа поддршка добија и од опозициските партии. Дека е неприфатливо во едно демократско општество да има толку многу тужби против новинари посочија и меѓународните експерти кои во изминатиов период вршеа мониторинг на состојбата со слободата на изразување. Тие ја повикаа власта да покаже знак на добра волја, која пак им вети дека ќе го разгледа прашањето и ќе излезе со свој став во натомошниот период.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани вели дека декриминализација на клеветата и навредата ќе придонесе тужбите против новинарите повеќе да не бидат инструмент за контрола на нивната работа.
„Сите овие работи ќе се префрлат во граѓанското право каде што ова дело нема да се третира како кривично дело туку како прекршок и каде што ќе имаме ограничени или помали казни.“
Предлагачот на законот за клевета и навреда во Собранието, предводникот на либералите Ивон Величковски вели дека оваа одредба како дел од кривичниот законик претставува кочница за новинарите и слободата на изразување.
„Јасно е дека без слобода на новинарите нема слобода на медиумите и без слобода на медиумите нема слобода на изразувањето. Инаку доколку ги погледнете одредбите од кривичниот законик во моментот ќе забележите небулози кои практично припаѓаат на минат систем, ваквите небулози на припаѓаат на модерните времиња и сигурно не припаѓаат на кривичниот законик во РМ.“
Според Селмани, самиот факт што декриминализација влезе како точка во дијалогот со владата е за поздрав.
„За нас како здружение, а изгледа и за сите невладини организација во Македонија што се занимаваат со прашањата за медиумите се согласуваат дека декриминализацијата во Македонија треба да биде прва или приоритетна тема за разговор со Владата.“
Величковски вели дека опозицијата се изјаснила дека ќе го поддржи предложеното решение, но очекува и власта да го направи истотото.
„Верувам дека и власта ќе сфати и ќе ја разбере добронамерноста и содржајноста на овој закон. Впрочем одговорноста за развојот на медиумите во Македонија припаѓа на сите политички чинители.“
Има околу 160 тужби против новинари, а казните кои се изрекуваат најчесто се од по неколку илјади евра.
Сите овие работи ќе се префрлат во граѓанското право каде што ова дело нема да се третира како кривично дело туку како прекршок и каде што ќе имаме ограничени или помали казни.Насер Селмани, Претседателот на ЗНМ.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани вели дека декриминализација на клеветата и навредата ќе придонесе тужбите против новинарите повеќе да не бидат инструмент за контрола на нивната работа.
„Сите овие работи ќе се префрлат во граѓанското право каде што ова дело нема да се третира како кривично дело туку како прекршок и каде што ќе имаме ограничени или помали казни.“
Предлагачот на законот за клевета и навреда во Собранието, предводникот на либералите Ивон Величковски вели дека оваа одредба како дел од кривичниот законик претставува кочница за новинарите и слободата на изразување.
Декриминализацијата во Македонија треба да биде прва или приоритетна тема за разговор со Владата.Насер Селмани, Претседателот на ЗНМ.