Достапни линкови

Кацин: За Македонија, а не за себе!


Јелко Кацин, потпретседател на Делегацијата за Југоисточна Европа во Европскиот парламент
Јелко Кацин, потпретседател на Делегацијата за Југоисточна Европа во Европскиот парламент

Јас сум убеден дека без потреба од македонската страна се комплицира прашањето за името за да не се дојде до компромис и да не се добие датум за преговори, зашто тогаш комуницирањето со домашната јавност е многу поедноставно, вели Кацин.

Во вашето обраќање по повод последното гласање за прием на Хрватска во Европската Унија, велите дека се што Хрватска успеа да постигне, Македонија го пропушти поради сопствените грешки. На кои грешки конкретно мислите?

Ниту една држава која тргнала на патот кон Европската унија и на крајот влегла во Унијата, таа цел не ја постигнала ако претходно не се променила себеси и не направила историски компромиси во односите кон соседите. Во овие шест години откако Хрватска и Македонија на ист ден добија статус на земја кандидат, Хрватска секој ден се повеќе напредуваше, додека Македонија се уште нема добиено датум за почеток на преговорите. Јас не сум еден од оние кои едноставно ги обвинува соседите и измислува непријатели таму каде што ги нема. Секоја држава членка на Европската Унија има право да ги штити своите национални интереси, но секогаш кога за тоа постои политичка волја и постои слух да се постигне историски компромис и е во корист на двата партнера да се најде решение. Таква волја досега во Македонија немаше, напротив јас сум убеден дека без потреба се комплицира од македонската страна само да не се дојде до компромис за името, само да не се добие датум за почеток на преговори, зашто тогаш комуницирањето со домашната јавност е многу поедноставно. „Тие ни се непријатели, ние сме жртви“ - и тоа го спречува народот да има рационален пристап кон иднината. Затоа Македонија е единствената држава во Западен Балкан која се оддалечува од Европската Унија, а сите останати се приближуваат.
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:25 0:00
Директен линк
Јелко Кацин за Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:25 0:00
Директен линк

Кога зборувате за недостиг на политичка волја, мислите на немање волја да се реши проблемот со името или да се спроведат реформите кои од нас се бараат?

Се додека нема договор за името, се додека нема почеток на преговори, се додека не се отворат тешките поглавја 23 и 24 во областа на човековите права, слободата на медиумите, правната држава, има услови да цветаат организираниот криминал и корупција, нема услови за искрена и отворена парламентарна демократија и тогаш се работи за владејачка гарнитура која владее автократски и која по начело на феудализмот ги дели ресорите и на тој начин и натаму ги исцрпува домашната економија и државата. Државата наместо да напредува и да создава услови за странски вложувања и отворање нови работни места, се почесто и поочигледно користи други механизми. Тоа се митологијата, симболи, антика, споменици, вртење кон минатото наместо градење на иднината.
Јелко Кацин за Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:55 0:00
Директен линк

Дали моделот на решавање на словенечко-хрватскиот спор е применлив кај проблемот за името на Македонија со Грција?

Јас не можам да кажам дека е тоа модел кој мора да го применат. Но, тоа е модел од кој тие кои што сакаат можат сешто да научат. Јас сум запознаен со сите детали и можам да ви кажам дека на грчката страна честопати имаше доволно политичка волја тој компромис да се постигне, но дека на некои од македонската страна им одговара тоа да не се случи. Грција е во овој момент во најдраматична историска ситуација, од државниот удар кој се случи одамна, но поради кој дојде до повик на Грција да влезе во тогашната Европска заедница за да се спречат нови државни удари и диктатура на полковниците, такви ситуации од тогаш до денес немало. Но, наместо Македонија да молчи, не, македонското раководство патува по цела Европа и светот и во оваа тешка ситуација дополнително ја обвинува Грција. Тоа едноставно не е ни добрососедство, ни солидарност, ни разумен пристап. Тоа е како што би рекле во Србија - во корист на својата штета.

Дали е реален оптимизмот кај македонските власти дека Македонија може да добие датум за преговори со Унијата во декември?
Јелко Кацин за Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:20 0:00
Директен линк

Македонија нема да добие датум за преговори во декември. Можеби ќе се случи Црна Гора да добие датум, а Србија да добие статус. Но, токму тоа е предуслов на некој начин да се чуе алармот кој би можел кај македонската јавност да ги разбуди порационалните елементи, конечно да се запраша како е можно Црна Гора после една година од статусот да добие датум, како е можно Србија во една таква комплексна ситуација со Косово да добие статус кандидат, а Македонија во шестата година од добивањето статус се уште не може да добие датум за почеток на преговори. Тоа е прашање кое треба јавно да се постави, но проблем е и слободата на медиумите и затоа вашето радио тука игра многу значајна улога. Имено, македонските медиуми воопшто не ја пренесоа изјавата на комесарот Филе на прес конференцијата по повод препораката на Европската Унија. Тој јасно и сосема разбирливо кажа дека доколку оваа година не дојде до напредок, Македонија може да се соочи со ситуација да го изгуби статусот земја кандидат. Тоа никој не го знае. Мислам дека дојде време да им се отворат очите на луѓето и кочечно на луѓето на сегашната гарнитура не само да им постават конкретни прашања, туку и да побараат од нив да направат нешто и за Македонија, а не само за себе.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG