Достапни линкови

Стартува Ал Џезеира Балканс


Новинари во седиштето на Ал Џезеира Балканс.
Новинари во седиштето на Ал Џезеира Балканс.

Обид да се понуди нешто ново на медиумскиот пазар и поинаква слика за Балканот - телевизијата Ал Џезеира Балканс стартува со програма во регионот.

Под мотото „Од секој агол и за секоја страна“, телевизијата Ал Џезеира Балканс, ќе се обиде да понуди нешто ново на медиумскиот пазар во регионот. Она што оваа телевизија ќе ја разликува од другите е бројноста на мрежата на соработници, покривањето на теми на малку поинаков начин, донесување приказни кои другите не ги кажале, вели заменик-уредникот на вести, Маја Блажевска.
Жителите во регионов, од Хрватска до Македонија имаат исти проблеми. Сакаме да го подигнеме вниманието од нашиот двор, да ги прошириме видиците од нашите мали и до некаде ограничени средини.
Маја Блажевска, заменик-уредник на вести.

„Жителите во регионов, од Хрватска до Македонија имаат исти проблеми. Сакаме да го подигнеме вниманието од нашиот двор, да ги прошириме видиците од нашите мали и до некаде ограничени средини. Затоа ќе објавуваме приказни коишто досега не се објавени на други медиуми, но ќе ги следиме и секојдневните случувања во регионот и светски теми.“

Професионалност, непристрасност и давање простор на „другата ​страна“ ќе бидат основните критериуми на известувањето на новинарите во овој медиум посочува Блажевска. Централното студио на телевизијата е во Сараево, а регионални студија ќе има во Белград, Загреб и Скопје.

Прашавме зошто програмата ќе се емитува само на српски и хрватски јазик?
Горан Милиќ, уредник на Ал Џазеира Балканс.
Горан Милиќ, уредник на Ал Џазеира Балканс.

„Зошто да не, би рекла. Телевизијата не се слуша туку се гледа, тоа е единствениот начин регионот да разбере што се случува и во Македонија и тоа не само регионот туку гледачите во цел свет.“

Нивната уредувачка политика излегува од еден културен регион или круг којшто на некој начин е различен од оној кој што го имаме, како американскиот и западноевропскиот медиумски круг.
Сеат Џигал, комуниколог.
Отворањето на уште еден медиуми во регионот е освежување за медиумскиот простор, иако некои медиуми не сакаат конкуренција, вели комуникологот Сеат Џигал. Во јавноста се појавија шпекулации дека уредувачката политика на оваа телевизија ќе биде насочена против глобалните светски движења. Но, Џигал вели дека токму различноста во приодот е она што ќе го издвојува овој медиум од останатите.

„Нивната уредувачка политика излегува од еден културен регион или круг којшто на некој начин е различен од оној кој што го имаме, како американскиот и западноевропскиот медиумски круг и опкружување. Значи тој е доста критички ориентиран кој некои работи коишто се актуелни во светот, значи геополитички гледано, но стандардите со кои работи тој медиум и нивната концепција се покажува дека е конкурентна придонесува за различноста во тој глобализиран медиумски систем.“

Утре кога Ал Џазира започнува со емитување, ќе биде првата програма која оваа глобална мрежа ја прикажува на друг јазик освен на англиски или арапски. Од телевизијата велат дека на светот ќе се обидат да му понудат поинаква слика за Балканот од пред неколку години, односно дека ќе известуваат и за позитивните работи, кои се случуваат во овој регион.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG