Сaиф ал Ислам Гадафи, син на убиенот либијски лидер Муамер Гадафи бил уапсен на југот на Либија, јавуваат новинските агенции, повикувајќи се на изјава на министерот за правда и заштита на човековите права Мохамед ал Алагија.
Сaиф ал Ислам Гадафи, син на убиенот либијски лидер Мoамер Гадафи бил уапсен на југот на Либија, јавуваат новинските агенции, повикувајќи се на изјава на министерот за правда и заштита на човековите права Мохамед ал Алагија.
Тој не наведе други подробности во врска со апсењето на синот на Гадафи по кого Меѓународниот кривичен суд во Хаг има распишано потерница поради обвинување за сторени злосторства против човештвото.
На 39-годишниот Сaиф, за кого се сметаше дека ќе биде наследник на Мoамер Гадафи му се загуби трагата откако бунтовничките сили во август го зазедоа главниот град Триполи.
Неговите позиции не беа откриени ни по фаќањето и убиството на неговиот татко на 20 октомври. Но, во саботата, тој бил уапсен со двајца негови помошници при обидот да пребегаат во Нигер.
Образуван во Британија, тој течно зборува англиски и често изложувал свои слики во светот. Долго време за него се сметаше дека ќе биде иден лидер и оти тој ќе ја модернизира и реформира земјата.
Но, тоа никогаш не беше толку сигурно, особено што за своите послободоумни идеи отсекогаш имал противници во тврдата линија на неговото семејство, особено од неговиот помал брат Мутасим кој беше советник за национална безбедност и кој исто така беше убиен на 20 октомври. Претходно беа убиени и преостанатите двајца браќа на Сaиф, Камис и Сеиф ал Араб.
Синот на Гадафи, ал Саади во септември успеа да пребега во Нигер каде што владата го третира како бегалец. Нивната мајка Сефија и сестра им Ајша избегаа во соседен Алжир.
Сaиф ал Ислам, во телевизиското обраќање пет дена по избувнувањето на антивладините протести во Бенгази, предупреди на реки крв доколку граѓаните ја отфрлат понудата на владата за реформи.
„Ќе се бориме до последниот човек, до последниот куршум. Нема да ја загубиме Либија“, изјави Сеиф во 40-минутниот говор.
Тој влезе во либиската политика уште во 90-тите години од минатиот век кога стана претседател на Меѓународната добродетелска фондација на Гадафи.

На 39-годишниот Сеиф, за кого се сметаше дека ќе биде наследник на Муамер Гадафи му се загуби трагата откако бунтовничките сили во август го зазедоа главниот град Триполи.