Достапни линкови

Крајот на полковникот


Либијците слават по убиството на Моамер Гадафи, а меѓународната заедница ги повтори повиците дека нивната иднина треба да ја градат спротивно на бруталноста на диктаторскиот режим. Гадафиевата љубов за оперетски униформи, егзотични телохранителки и бедуински шатори беше театарска кулиса на 42-годишната крвава репресија која на крајот не го издржа востанието поддржано од воздушните напади на НАТО.

Американскиот претседател Барак Обама, кој ја потурна интервенцијата на НАТО во Либија во март годинава, за смртта на Гадафи изјави:
За време на 42-годишното владеење тој имаше проминентна позиција во западната галерија на меѓународни никаквеци кој дома владее со цврста рака и со елиминирање на дисидентите и можните ривали.

„Тоа означува крај на болно поглавje за народот на Либија кој сега има можност да решава за сопствената судбина во нова и демократска Либија.“

Истеран од Триполи, што минатиот месец беше преземен од бунтовниците, Моамер Гадафи исчезна во пустинскиот простор на Либија. Се до вчера кога по паѓањето на неговиот роден град Сирт беше и убиен.

Освен ексцентричност, Гадафи имаше харизма која во почетокот му обезбедуваше голема поддршка кај обичните Либијци. Неговата решеност да им се противи на западните сили и на Израел, и реторично и со акција, му даде извесна аура која ја немаа лидерите на другите арапски земји.

За време на 42-годишното владеење тој имаше проминентна позиција во западната галерија на меѓународни никаквеци кој дома владее со цврста рака и со елиминирање на дисидентите и можните ривали.


Тој успеа да ја поврати довербата кај Западот откако објави дека се откажува од оружјето за масовно уништување во замена за укинување на санкциите кои беа воведени откако либијски агенти урнаа авион на Пан Ам во 1988 година над Шкотска при што загинаа над 270 луѓе.

Но, тој не го одбегна бранот на народната револуција што го зафати арапскиот свет. Неговото владеење заврши кога оружјето го впери врз демонстрантите и испрати армија да го исчисти Бенгази. Тоа ја поттикна кампањата на НАТО. Веднаш по стартот на нападите во март Гадафи изјави:
Гадафи официјално немаше владина функција, освен онаа што самиот си ја даде: Братски лидер и Водач на револуцијата.

„Ние ќе учествуваме во оваа историска битка. Нема да се предадеме. Насекаде има демонстрации против оваа неправедна агресија. Јас не се плашам од авионите. Јас сум горд. Јас сум тука.“

Гадафи официјално немаше владина функција освен онаа што самиот си ја даде: Братски лидер и Водач на револуцијата. Тој милуваше во Африка да го нарекуваат Крал над кралевите.​

Гадафи е роден во 1942 година како син на овчар во шатор во близина на Сирт. Ја замени географската насока на Универзитетот за воена кариера. Како полковник, тој во 1969 година го собори кралот Идриз, а во 70-години ја формулира Третата универзална теорија, нешто меѓу комунизам и капитализам, опишана во неговата „Зелена книга“, што станува своевиден устав за Либија.

Сепак, тој не успеа нафтеното богатство на Либија да го искористи за да го отргне својот народ од сиромаштија. Трошеше милијарди на елитата околу себе која се огради со полиција и шпиони. Но, тие не успеаjа и да го спасат од револтот на неговиот народ.
XS
SM
MD
LG