Претходно во законот, а сега и во новата Стратегија, во листата основи по кои не треба да се прави дискриминација, не е вклучена сексуалната ориентација.
Владата и со новата Стратегија за еднаквост и недискриминација, сексуалната ориентација ја става во графата друго. Иако министерот Спиро Ристовски, најави дека целта на Стратегијата е да се подобри статусот на најранливите групи и да се обезбеди континуиран развој на еднаквоста и недискриминацијата, сепак и овој пат остануваат луѓе кои ќе бидат дискриминирани. Министерот рече дека што се однесува до сексуалната ориентација тие остануваат на она што е утврдено со Законот.
„Она што е утврдено во законот за заштита од дискриманција е основниот постулат по којшто продолжуваме да се движиме и во тој дел сега за сега се уште нема отстапки.“
Имено во законот, во листата основи по кои не треба да се прави дискриминација, не е вклучена сексуалната ориентација. Објаснувањето на
мнозинството во Парламентот тогаш беше дека отворената листа на основи ја вклучува и сексуалната ориентација.
Од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ велат дека се затекнати од новата Стратегија.
„И сме разочарани дека владата продолжува континуирано да ја игнорира нашата организација и сличните на неа, коишто се гласни по однос на правата на маргинализираните заедници за што очигледно кажува исклучувањето на сите групи во оваа Стратегија, но уште повеќе сме
разочарани од нетранспарентноста на дел од невладините организации коишто се вклучени во преговори со Владата околу носењето на извесни закони и стратегии“, вели Славчо Димитров.
Европската унија пред носење на Законот неколку пати предупредуваше Законот за заштита од дискриминација да биде усогласен со легислативата на ЕУ.
Стратегијата која е во фаза на предлог текст, како што вели Ристовски, е и национален одговор на меѓународните обврски на Македонија, како и напор да се обединат сите ставови, активности и ресурси во една рамка и со единствен приод за унапредување на човековите права и воспоставување еднакви можности.
Законот за заштита од дискриманција е основниот постулат по којшто продолжуваме да се движиме и во тој дел сега за сега се уште нема отстапки.Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика и труд.
„Она што е утврдено во законот за заштита од дискриманција е основниот постулат по којшто продолжуваме да се движиме и во тој дел сега за сега се уште нема отстапки.“
Имено во законот, во листата основи по кои не треба да се прави дискриминација, не е вклучена сексуалната ориентација. Објаснувањето на
Од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ велат дека се затекнати од новата Стратегија.
„И сме разочарани дека владата продолжува континуирано да ја игнорира нашата организација и сличните на неа, коишто се гласни по однос на правата на маргинализираните заедници за што очигледно кажува исклучувањето на сите групи во оваа Стратегија, но уште повеќе сме
И сме разочарани дека владата продолжува континуирано да ја игнорира нашата организација и сличните на неа, коишто се гласни по однос на правата на маргинализираните заедници.Славчо Димитров, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.