„Света геометрија“ е именувана изложбата на Ана Ивановска што од 10 до 26 ноември се одржува во Чифте амам, во Националната галерија на Македонија.
Ана Ивановска за своето дело вели дека го насловила „Света геометрија“ бидејќи поимот всушност ги претставува сите геометриски основи, геометриски архетипи што ги користи природата во создавањето на сите животни форми – од најситни честички преку изрази забележливи со човечко око до вселената.
„Го покажува оној принцип на поврзаност, неразделивоста, единството на сите нешта што е и главната идеjа на самото дело, за едното што ги создава различните појавни манифестации, енергијата преку геометријата за принципот на божественото, космичкото, духовното...“
Ивановска е родена 1982 година во Скопје. На Факултетот за ликовни уметности во класата на професор Благоја Маневски, отсек сликарство со
насока конзервација и реставрација, дипломира во 2006, а една година подоцна го заврши и Педагошкиот оддел. Зад себе има повеќе групни претставувања и перформанси во Австрија, Русија, Монголија, Кина, Италија и други земји во светот, неколку резиденс програми во САД, а во 2008 година стана добитничка на наградата Денес за млад ликовен уметник. Таа е член на ДЛУМ и со својата шеста самостојна поставка - инсталацијата „Света геометрија“ всушност го одбрани и магистерскиот труд.
Говорејќи за своето досегашно творештво уметницата истакнува дека како и мнозина други автори и самата за целото време всушност ја обработува истата тема.
„Постојано е со поврзаноста на сите нешта и најверојатно би продолжила во истиот правец, самонадоврзување едно со друго. Најчесто работам со симболите, тоа ми е предизвик, мислам дека се е симболичен израз на она што го мислам, чувстувам.“
Од друга страна, Ивановска на прашањето за ново нејзино претставување пред интернационалната ликовна публика забележува дека, за жал, заради големината и користениот материјал, песок и многу кршено стакло, не е возможно „Света гометрија“ да се изнесе надвор од земјава, но дополнува дека нејзиното дело Вселени во вселената наскоро ќе го видат љубителите на уметноста во Холандија, Франција и во Данска.
Сепак, сликарката е многу реална во однос на сопствениот пробив во глобални рамки бидејќи, како што вели, има огромна конкуренција, но таа е убедена дека треба упорно да се следат и да се учествува на конкурсите на интерент, а не ги исклучува и времениот престој во странство и дирекната комуникација со останатите творци и особено галеристи.
Го покажува оној принцип на поврзаност, неразделивоста, единството на сите нешта што е и главната идеа на самото дело.Ана Ивановска, сликарка.
„Го покажува оној принцип на поврзаност, неразделивоста, единството на сите нешта што е и главната идеjа на самото дело, за едното што ги создава различните појавни манифестации, енергијата преку геометријата за принципот на божественото, космичкото, духовното...“
Ивановска е родена 1982 година во Скопје. На Факултетот за ликовни уметности во класата на професор Благоја Маневски, отсек сликарство со
насока конзервација и реставрација, дипломира во 2006, а една година подоцна го заврши и Педагошкиот оддел. Зад себе има повеќе групни претставувања и перформанси во Австрија, Русија, Монголија, Кина, Италија и други земји во светот, неколку резиденс програми во САД, а во 2008 година стана добитничка на наградата Денес за млад ликовен уметник. Таа е член на ДЛУМ и со својата шеста самостојна поставка - инсталацијата „Света геометрија“ всушност го одбрани и магистерскиот труд.
Говорејќи за своето досегашно творештво уметницата истакнува дека како и мнозина други автори и самата за целото време всушност ја обработува истата тема.
Најчесто работам со симболите, тоа ми е предизвик, мислам дека се е симболичен израз на она што го мислам, чувстувам.Ана Ивановска, сликарка.