Вицепремиерката Теута Арифи најави дека периодот до Самитот во декември ќе го искористи за лобирање за добивање датум за преговори.
Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи најави дека овој месец ќе го искористи за лобирање и за состаноци со европските авторитети, за да може на самитот во декември, Македонија да добие датум за преговори. Таа вели дека економската состојба во Грција, не треба да им пречи на активностите за евроинтегрирање.
„Сосема е јасно дека во Грција имаме чувствителна состојба, ќе добиеме нова влада, но проблемот секако е доста стар и тоа не значи дека ние не треба да се ангажираме и да лобираме фактички за да го добиеме датумот за преговори и да не остане без ништо во декември. Мислам дека да повикуваме и да се ангажираме за тоа е политички коректно.“
Македонија има аргументи за да се надева на датум. Во моментот ЕУ ги согледува аргумените, но се уште не знае кој е ставот на ЕУ, вели Арифи.
„Аргументите се тоа дека сметаме дека сликата на регионот дефинитивно се менува оваа година и е многу битно Република Македонија да не остане од еден процес кој добива апсолутно регионална димензија“.
Арифи најави дека Секретаријатот за европски прашања во 2012 година ќе има буџет поголем за 5,45 отсто. СЕП од 2008-та до оваа година добиваше помалку пари од буџетот, но следната година ќе добие повеќе. Најголемо е зголемувањето во делот на усогласување на македонското со европското законодавство. Вицепремиерката рече дека таа барала и поголемо зголемување.
Паралелно со обраќањето на Арифи, невладиниот сектор организираше дебата посветена на евроинтеграциите на која, иако поканети, не присуствуваше ниту еден преставник на власта.
„И всушност ни праќаат порака дека тие и само тие можат да расправаат за процесот на пристапување во ЕУ. Денешниот собир е нашиот одговор на тоа кое е потсетување дека не тие и само тие го имаат тоа право и дека Македонија во ЕУ е интерес за кој не е еднаш се изјаснило огромното мнозинство граѓани на Македонија“, вели Владимир Милчин од Институт отворено општество.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, говорејќи пред холандските парламентарци во Хаг, повторно оцени дека Македонија не смее да загуби уште една година. Тој рече дека во земјата спласнува мотивацијата за реформи поради долгиот застој во спорот за името и затоа порача дека е од клучна важност да се дојде до напредок на планот на името.
„Отворањето на преговорите ќе биде од полза не само за земјата и за регионот, туку и за целата ЕУ. Не смее да се изгуби уште една година“, порача Филе.
Тој го искритикува бавниот напредок во текот на изминатата година и порача дека главните предизвици се уште се независноста на правосудството, реформите на јавната администрација, борбата против корупцијата и слободата на говорот.
Сосема е јасно дека во Грција имаме чувствителна состојба, ќе добиеме нова влада, но проблемот секако е доста стар и тоа не значи дека ние не треба да се ангажираме и да лобираме фактички за да го добиеме датумот за преговори и да не остане без ништо во декември.Теута Арифи, вицепремиер за европски прашања.
„Сосема е јасно дека во Грција имаме чувствителна состојба, ќе добиеме нова влада, но проблемот секако е доста стар и тоа не значи дека ние не треба да се ангажираме и да лобираме фактички за да го добиеме датумот за преговори и да не остане без ништо во декември. Мислам дека да повикуваме и да се ангажираме за тоа е политички коректно.“
Македонија има аргументи за да се надева на датум. Во моментот ЕУ ги согледува аргумените, но се уште не знае кој е ставот на ЕУ, вели Арифи.
„Аргументите се тоа дека сметаме дека сликата на регионот дефинитивно се менува оваа година и е многу битно Република Македонија да не остане од еден процес кој добива апсолутно регионална димензија“.
Арифи најави дека Секретаријатот за европски прашања во 2012 година ќе има буџет поголем за 5,45 отсто. СЕП од 2008-та до оваа година добиваше помалку пари од буџетот, но следната година ќе добие повеќе. Најголемо е зголемувањето во делот на усогласување на македонското со европското законодавство. Вицепремиерката рече дека таа барала и поголемо зголемување.
Паралелно со обраќањето на Арифи, невладиниот сектор организираше дебата посветена на евроинтеграциите на која, иако поканети, не присуствуваше ниту еден преставник на власта.
Отворањето на преговорите ќе биде од полза не само за земјата и за регионот, туку и за целата ЕУ. Не смее да се изгуби уште една година.Штефан Филе, еврокомесар за проширување.