Моменталната ситуација во Грција влијае на секој друг процес, а не само на прашањето за името, но тоа не значи дека не може да се работи на негово решавање, изјави амбасадорот Пол Волерс во рамки на посетата на Македонската берза.
Македонските компании поради економската криза треба на локалната или меѓународните берзи да гледаат како на извор на финансирање, рече првиот човек на македонска берза Иван Штериев по средбата со американскиот амбасадор Пол Волерс. Според него и во овој турбулентен период тие ја извршуваат својата функција непречено и ефикасно.
„Генерално сметам дека токму состојбата после финансиската криза не само во нашата економија туку и пошироко, ќе принуди некои од компаниите да не се потпираат само на банкарско финансирање туку да гледаат и да прават некој соодветен микс и да ги гледаат пазарите на капитал како алтернативен избор.“
Штериев додава дека не ја исклучува можноста за регионално
здружување на берзите.
„Знаете дека е тоа тема актуелна повеќе години. Очигледно е дека модусите за поцврстување регионално поврзување не е лесна работа да се пронајдат, но ние уште еднаш ќе го повториме нашиот став дека ние како Македонска Берза сме подготвени да работиме во таа насока и можам да кажам дека сме едни од проактивните во тој дел.“
Волерс истакна дека процесот на создавање на капитал и развој на соработка е клуч за економскиот успех на секоја земја, како и на Македонија.
„Јас сум многу задоволен што дека Американската агенција за национален развој игра важна улога како партнер во развојот на берзата и во тренинг на вработените и е одличен пример како двете земји можат да соработуваат во еден корисен проект за Македонија.“
На прашањето како кризата во Грција ќе влијае врз спорот со името Волерс рече дека земјата има многу прашања кои треба да ги реши и поради тоа се комплицира напредокот во било кој процес.
„Секако, ние не сме кренале раце од прашањето. Процесот во рамките на Обединетите нации продолжува. Нашиот став во однос на тоа прашање останува непроменет.“
Според Волерс, за американските компании да инвестираат во Македонија најпрвин треба да се решат прашањата кои го кочат напредокот, како и земјата да стане членка на евроатланското семејство.
Секако, ние не сме кренале раце од прашањето за името. Процесот во рамките на Обединетите нации продолжува. Нашиот став во однос на тоа прашање останува непроменет.Пол Волерс, амбасадор на САД во Македонија.
„Генерално сметам дека токму состојбата после финансиската криза не само во нашата економија туку и пошироко, ќе принуди некои од компаниите да не се потпираат само на банкарско финансирање туку да гледаат и да прават некој соодветен микс и да ги гледаат пазарите на капитал како алтернативен избор.“
Штериев додава дека не ја исклучува можноста за регионално
„Знаете дека е тоа тема актуелна повеќе години. Очигледно е дека модусите за поцврстување регионално поврзување не е лесна работа да се пронајдат, но ние уште еднаш ќе го повториме нашиот став дека ние како Македонска Берза сме подготвени да работиме во таа насока и можам да кажам дека сме едни од проактивните во тој дел.“
Волерс истакна дека процесот на создавање на капитал и развој на соработка е клуч за економскиот успех на секоја земја, како и на Македонија.
Финансиската криза не само во нашата економија туку и пошироко, ќе принуди некои од компаниите да не се потпираат само на банкарско финансирање туку да ги гледаат и пазарите на капитал како алтернативен избор.Иван Штериев, директор на Македонската Берза.